Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Епидемиологот Даниловски со комплетна анализа за случајот со Гостивар
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Епидемиологот Даниловски со комплетна анализа за случајот со Гостивар
ЗДРАВЈЕ

Епидемиологот Даниловски со комплетна анализа за случајот со Гостивар

Објавено July 21, 2026 11:21
Сподели
Сподели

Новите сознанија изнесени од Обвинителството значително ги зајакнуваат заклучокот и оцената дека гостиварската епидемија е поврзана со микробиолошка контаминација на водоснабдителниот систем, а посочуваат и конкретен можен механизам преку кој загадената вода навлегла во системот за вода за пиење – анализира во објава на Фејсбук епидемиологот и професор Драган Даниловски.

Анализата следува откако ОЈО Гостивар синоќа ги објави резултатите од анализата на примероците на вода од градскиот водовод, од кои се констатира дека таа не може да се употребува за ниту една намена.

„Освен што располагаме со временска и просторна поврзаност меѓу заболувањата и водоснабдувањето, го имаме и можниот санитарно-технички механизам на контаминацијата – пренесување површинска вода од отворен канал во затворениот систем за вода за пиење. Во епидемиолошкото каузално (причинско-последично) заклучување, утврдувањето веродостоен механизам има голема тежина. Тоа ја поврзува изложеноста со појавените здравствени последици и ја прави хипотезата за хидрично потекло уште поубедлива“,пишува Даниловски во анализата.

Епидемиологот додава дека наодот објавен од Обвинителството за присуството на колиформни бактерии во водата е директен показател за санитарна неисправност и за можноста од контаминација, но тој, како што вели, не го идентификува сам по себе конкретниот патоген микроорганизам што ги предизвикал заболувањата кај луѓето.

Иако новите факти несомнено ја зајакнуваат причинската хипотеза, Даноловски оценува дека тие не ја заменуваат целосната епидемиолошка и микробиолошка истрага и целосното утврдување на причината за епидемијата и начинот на кој таа настанала. За ова, како што вели, потребни се податоци за микробиолошките испитувања на заболените, примероци од различни точки на водоводната мрежа, временската динамика на контаминацијата, епидемиската крива,географската распределба на случаите и евентуалното присуство на повеќе причинители.

„По завршувањето на акутната фаза, потребна е сеопфатна стручна анализа на целиот настан. Таа не треба да се ограничи на утврдувањето на непосредниот технички механизам. Треба да ги опфати: управувањето со водоснабдителниот систем, санитарниот надзор, комуникацијата меѓу институциите, раното откривање на епидемијата, времето на донесување на одлуките, информирањето на населението, обезбедувањето алтернативно снабдување со вода, постапувањето на здравствениот систем, нормативните и организациските слабости. Таквата анализа не смее да биде административно оправдување на постапките. Нејзината цел треба да биде учење: што не функционирало, зошто не функционирало и што мора да се промени“,додава тој.

Епидемиологот се осврнува и на прашањето за одговорноста за случајот која, како што вели, ако се сведе само на три лица, постои опасност да се пропушти пошироката институционална лекција. Дури и ако се утврди индивидуална одговорност, додава тој, остануваат прашањата поврзани со институционалната одговорност.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ФОТО) Невреме го погоди Стар Дојран
Следна Статија Со највисоки државни и воени почести ја пречекана претседателката на Индија, Друпади Мурму

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Во кој дел од денот, човековиот мозок работи најдобро?

Познато е дека, во одредени делови од денот, човекот работи побрзо, размислува појасно и полесно се сосредоточува. Ова не е…

September 19, 2025
ЗДРАВЈЕ

Туширањето со премногу топла вода е непотребно, особено за лицето

Оние кои се тушираат со топла вода треба да се грижат за својата кожа бидејќи може да настанат проблеми. Керолин…

December 30, 2024
ЗДРАВЈЕ

Искачување на Титов Врв за подигнување на свеста за ракот на дојката

Јавната установа Национален парк „Шар Планина“ го организира третото традиционално искачување на највисокиот врв на Шара – Титов Врв, акција…

September 18, 2025
ЗДРАВЈЕ

Најавена реформа на Мој Термин – побрз, поедноставен и подостапен систем

Министерот за здравство, Азир Алиу денес имаше работна средба со директорот на Управата за електронско здравство, Фикрет Шабани, на која…

July 19, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?