Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Со највисоки државни и воени почести ја пречекана претседателката на Индија, Друпади Мурму
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Со највисоки државни и воени почести ја пречекана претседателката на Индија, Друпади Мурму
МАКЕДОНИЈА

Со највисоки државни и воени почести ја пречекана претседателката на Индија, Друпади Мурму

Објавено July 21, 2026 11:50
Сподели
Сподели

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска со највисоки државни и воени почести ја пречека претседателката на Република Индија, Друпади Мурму, која престојува во дводневна официјална посета на земјава.

По свеченета церемонија, Сиљановска-Давкова и Мурму заминаа на тет-а-тет средба, по што ќе биде одржан пленарен состанок на македонската и индиската делегација и заедничка прес-конференција на двете претседателки.

Индиската претседателка пристигна во Скопје синоќа, а на Скопскиот аеродром ја пречека шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски.

– Во рамките на посетата се предвидени повеќе средби и активности. Очекувам тие да ги потврдат одличните билатерални односи и да дадат нов поттик за натамошно унапредување на политичката и економската соработка меѓу двете земји, напиша Муцунски на Фејсбук.

Предвидено е претседателката на Република Индија да положи венец на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје.

Индиската претседателка ќе оствари средба и со претседателот на Собранието, Африм Гаши, ќе се потпише во Книгата на впечатоци и ќе има обраќање пред пратениците во македонскиот Парламент.

Попладне ќе се одржи македонско-индиски бизнис форум, организиран од Кабинетот на претседателот во соработка со Директоратот за економска дипломатија при Министерството за надворешни работи и надворешна трговија. На отворањето на бизнис форумот, на којшто ќе се обратат претседателката Сиљановска-Давкова и претседателката Мурму, ќе бидат презентирани инвестициските можности на земјава.

На вториот ден од официјалната посета, претседателките ќе ги посетат Спомен-куќата на Мајка Тереза и Музејот на град Скопје, кадешто ќе се обратат на церемонија на откривање на биста на Махатма Ганди. По церемонијата во Музејот на град Скопје, претседателката Сиљановска-Давкова и претседателката Мурму ќе се упатат кон Охрид, кадешто ќе го посетат манастирскиот комплекс Свети Наум, како и манастири и цркви во Стариот град на Охрид.

Поради посетата на претседателката Мурму, во поширокото централно подрачје на Скопје ќе се применува посебен режим на сообраќај. СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Епидемиологот Даниловски со комплетна анализа за случајот со Гостивар
Следна Статија Тројцата осомничени за загадувањето на водата во Гостивар изведени пред судија на претходна постапка

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Почнува да се гради нови детска градинка во Ѓорче Петров

Нова детска градинка почнува да се гради во населбата Дексион, општина Ѓорче Петров. Како што појаснија надлежните, предвидено е да…

December 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

Инфлацијата на кандидати може да ги поскапи изборите

И покрај можната „инфлација“ на независни кандидати со само два потписа, претседателот на ДИК Борис Кондарко во интервју за Радио…

August 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

Тошковски: Имаме голем број докази за криминали добиени преку SKY апликацијата, акциите веќе не протекуваат и сите што треба завршуваат зад решетки

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски за интервју на Алфа ТВ на прашање за акцијата во којашто паднаа двајца поранешни…

November 8, 2024
МАКЕДОНИЈА

Весна Дамева со чанта вредна над 3.000 евра додека пратениците ѝ гласаа недоверба

На вчерашната седница во Собранието за интерпелација на петмината членови на Судскиот совет, беше изгласена недоверба на Весна Дамева, поранешната…

March 12, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?