Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Тројцата осомничени за загадувањето на водата во Гостивар изведени пред судија на претходна постапка
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Тројцата осомничени за загадувањето на водата во Гостивар изведени пред судија на претходна постапка
ХРОНИКА

Тројцата осомничени за загадувањето на водата во Гостивар изведени пред судија на претходна постапка

Објавено July 21, 2026 13:07
Сподели
Сподели

Тројцата осомничени во истрагата за загадувањето на водата за пиење во Гостивар денеска се изведени пред судија на претходна постапка во Основниот суд Гостивар, откако Основното јавно обвинителство отвори истрага против нив за кривичното дело „Тешки дела против животната средина и природата предизвикани со дејствија на загадување на вода за пиење“.

null

Пред судија на претходна постапка беа изведени вршителката на должност директорка на ЈП „Комуналец“ – Гостивар Артана Асани, техничкиот раководител Леон Мезини и раководителот на Одделението за водовод, канализација и градежни работи Вадедин Даути.

Според Обвинителството, осомничените како соизвршители на 25 јуни наложиле поставување три потопни пумпи во канал со површинска вода со штетни материи во близина на преливната комора на системот за водоснабдување, со цел да го тестираат притисокот на водата. При увидот извршен на 16 јули било утврдено дека две од пумпите сè уште биле во функција и преку нив се вршело пренесување вода со штетни материи во системот за вода за пиење.

null

Анализите на Институтот за јавно здравје покажале дека водата од површинскиот канал е многу загадена и неупотреблива за каква било намена, а загадување било констатирано и во примероците од каптираниот извор и од водоводната мрежа, поради што Обвинителството оцени дека постои основано сомнение за сторено кривично дело.

За мерките што ќе им бидат определени на осомничените ќе одлучи судија на претходна постапка. Основното јавно обвинителство Гостивар соопшти дека истрагата продолжува со преземање дополнителни истражни дејствија

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Со највисоки државни и воени почести ја пречекана претседателката на Индија, Друпади Мурму
Следна Статија Толку од бугарските: Грција ја олеснува процедурата Македонците да добијат грчки пасош

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Две жени се степале на гробиштата во Ѓорче Петров

Вчера во 11:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека пред влезот на гробиштата во Ѓорче Петров, по претходна расправија,…

May 9, 2026
ХРОНИКА

На тротинет само со наполнети 18 години

Никола Мицевски, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, денес во своето излагање  на собраниска седница се осврна на безбедноста при…

June 24, 2026
ХРОНИКА

Приведено момче кое прегази тригодишно девојче на велосипед во Визбегово

Пронајден и приведен e 19-годишникот кој вчера прегази тригодишно девојче во Визбегово и избега. Министерството за внатрешни работи денеска соопшти…

June 20, 2026
ХРОНИКА

Адвокатот на семејството на Фросина: Јованов даде едно голо признание со намера да ја ублажат казната

Сите сме свесни дека обвинетиот Васил Јованов даде едно голо признание со намера да ја ублажат казната, изјави адвокатот на…

May 9, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?