Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Еуроњуз: Македонија со најмногу смртни случаи во Европа како последица на загадувањето
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Еуроњуз: Македонија со најмногу смртни случаи во Европа како последица на загадувањето
ХРОНИКА

Еуроњуз: Македонија со најмногу смртни случаи во Европа како последица на загадувањето

Објавено January 12, 2025 18:20
Сподели
Сподели

Повикувајќи се на извештај на Европската комисија и Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), Euronews денеска пишува дека најпогодена од загадувањето на воздухот е Македонија, а по неа Србија. Се посочува дека земјава има највисока стапка на смртност како последица на загадувањето на воздухот.

Албанија, Бугарија и Црна Гора исто така се наведуваат како земји со високо ниво на загадување.

Во 2021 година, Светската здравствена организација (СЗО) ги ажурираше своите упатства за квалитетот на воздухот, намалувајќи го препорачаниот праг за годишни концентрации на азот диоксид и мали честички (PM2.5), како што се прашина, чад и саѓи од издувните гасови.

Во декември лани, Европската унија усвои построги правила за квалитетот на воздухот, со цел да ги приближи своите стандарди до препораките на СЗО до 2030 година.

Овие правила ги обврзуваат земјите-членки редовно да ги следат ПМ честичките, јаглеродот и амонијакот што се ослободува во воздухот.

Како што се посочува во текстот на Euronews, периодов сите земји членки на ЕУ пријавуваат повисоки нивоа на азот диоксид од оние што ги препорачува Светската здравствена организација.

Според извештаите на Европската агенција за животна средина, изложеноста на PM2.5 честичките предизвикало околу 239.000 предвремени смртни случаи во Европа во 2021 година, додека уште 48.000 луѓе починале како резултат на изложеност на азот диоксид.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Исчистен е патот од снег кој води до ски центарот Пониква
Следна Статија Полицајци ја пронашле малолетничката од Скопје по која се трагаше

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Дали Груби преведувал за или во „Жолтата куќа“?

Вицепремиерот Артан Груби за „Дојче Веле“ во 2020 година потврди дека преведувал за Хашкиот трибунал, но негираше каква и да е…

February 23, 2026
ХРОНИКА

(ВИДЕО) Возач на камион од Македонија изгорел во кабина во Хрватска

Тешка сообраќајна несреќа со фатални последици се случи вчера на автопатот А3 кај местото Среданац, во правец кон Брегана. Во…

May 6, 2026
ХРОНИКА

Маж пронајден мртов во неговата куќа

48-годишниот А.А. од Скопје бил пронајден мртов во семејна куќа во село Удово. Според информациите од полицијата, починатиот имал здравствени…

February 9, 2025
ХРОНИКА

Уапсен Германец во Скопје

На 05.08.2025 во 19.45 часот на бул.„Илинден“ на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода…

August 6, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?