Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Исчистен е патот од снег кој води до ски центарот Пониква
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Исчистен е патот од снег кој води до ски центарот Пониква
МАКЕДОНИЈА

Исчистен е патот од снег кој води до ски центарот Пониква

Објавено January 12, 2025 18:00
Сподели
Сподели

Исчистен е патот, кој води до ски центарот Пониква. Раководителот на регионалната подружница на ЈП „Македонијапат“-Штип, Тони Лазаров за МИА вели дека денеска било побарано дополнително нивно возило за асистенција и безбеден транспорт на деца со автобус, кои биле на планината Пониква.

Повикот го добиле во 11 часот, а веќе во 11.30 часот механизација на ЈП „Македонијапат“ го расчистувала патот, а по него се движел автобусот во придружба со полиција. Децата од планината Пониква се симнати безбедно и се веќе во своите домови. Овој пат се чисти со две возила на ЈП „Македонијапат“.

Лазаров за МИА вели дека 12 нивни возила интензивно ги расчистуваат патиштата до граничните премини со Бугарија, кај Делчево и Ново Село, како и експресните патишта Штип-Кочани, Штип, Радовиш и регионалните и магистралните патишта кои водат до Берово, Струмица, Сарамзалино кон Велес и автопатот „Гоце Делчев“ односно Штип – Свети Николе до селото Коњари.

Пред неколку години ja имаме подновена механизација и возилата кои ги расчиствуваат патиштата во источниот и југоисточниот регион се во стабилна состојба, вели Лазаров.

Според неговите проценки од синоќа, по полноќ, кога почнаа интензивно снежните врнежи на патиштата, за кои тие се надлежни се исфрлени над 200 кубика песок и до 400 тони сол. Тој истакна дека екипите се постојано на терен, а на возачите им апелира внимателно да возат и со прилагодена брзина, бидејќи постојано паѓа снегот на коловозите.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Министерство за транспорт: Целосно исчистена автоделницата Гостивар-Скопје
Следна Статија Еуроњуз: Македонија со најмногу смртни случаи во Европа како последица на загадувањето

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Во секое време сум подготвен на разговор за каква било идеја за национално помирување

Премиерот Христијан Мицкоски во новогодишното интервју за МИА нагласува дека е подготвен во секое време да разговара со кој било…

January 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

Телото на Салмонд со специјален лет ќе биде пренесено во својот дом – објавено видео од последниот говор во Охрид

Телото на Алекс Салмонд , поранешниот прв министер на Шкотска, кој почина за време на конференција во Охрид, наскоро ќе…

October 14, 2024
МАКЕДОНИЈА

АХВ: ЗОО Скопје иако детектирало угинато животно, не постапила по законски процедури

ЗОО Скопје иако детектирало угинато животно на ден 14.10.2024 год, не постапила по законски процедури каде што се должни секој…

October 20, 2024
МАКЕДОНИЈА

Министерството за здравство ги објави телефонските броеви за состојбата на пациентите од Кочани

Телефон за дополнителни информации за состојба на пациентите: ГОБ 8 Септември – 071226764Клинички центар- 070387115СВ Наум Охридски – 075203026 Со…

March 16, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?