Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Систем за влез/излез од ЕУ: за што сè треба да се подготват патниците
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Систем за влез/излез од ЕУ: за што сè треба да се подготват патниците
МАКЕДОНИЈА

Систем за влез/излез од ЕУ: за што сè треба да се подготват патниците

Објавено October 1, 2025 17:28
Сподели
Сподели

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека почнувајќи од 12 октомври 2025 година, Европската Унија ќе почне со постепено воведување на системот за влез/излез (EES), кој ќе биде целосно имплементиран до април 2026 година.

 

Овој нов дигитален систем претставува една од најзначајните реформи во областа на граничното управување на ЕУ заменувајќи го досегашното ставање печати во пасошите со електронска евиденција на биометриските податоци (фотографија и отпечатоци од прсти), како и точни записи за датумите на влез и излез.

 

За кого важи системот?

EES се однесува на сите државјани од земји што не се членки на Европската Унија или шенген-зоната и кои патуваат за краток престој (до 90 дена во рамките на 180 дена). Тоа ги опфаќа:

  • патниците што се ослободени од виза за влез во ЕУ,
  • патниците што поседуваат виза за краток престој.

Граѓаните на земјите членки на ЕУ и на шенген-зоната не подлежат на новиот систем.

 

Земји во кои ќе се применува EES

Системот ќе биде активен на сите надворешни гранични премини на 29 земји, меѓу кои се: Грција, Бугарија, Австрија, Германија, Франција, Италија, Шпанија, Шведска, како и Исланд, Норвешка, Швајцарија и Лихтенштајн.


Кои се целите на воведувањето?

Со EES, Европската Унија има цел:

  • да ја зголеми безбедноста на граѓаните преку подобро откривање фалсификувани документи и идентитетски измами,
  • да ја подобри борбата против криминалот, тероризмот и нелегалната миграција,
  • да го олесни патувањето преку побрзи и поефикасни гранични проверки,
  • да обезбеди прецизна дигитална евиденција за времетраењето на престојот елиминирајќи можни недоразбирања, кои порано настануваа со рачните печати.

Како ќе функционира системот?

При првото патување по воведувањето на системот, патниците ќе поминат низ целосен процес на регистрација, кој вклучува фотографирање, скенирање отпечатоци од прсти и внесување податоци од пасошот. За да се олесни процедурата, на граничните премини ќе има и пунктови за самопослужување, а можно е и претходно предрегистрирање преку мобилни апликации.

При следните патувања контролата ќе биде значително побрза бидејќи податоците веќе ќе бидат складирани во системот и ќе се врши само нивна проверка.

 

Период на транзиција

Во периодот од октомври 2025 до април 2026 системот ќе се воведува во фази. Тоа значи дека некои од патниците сè уште ќе добиваат печат во пасошите додека постепено сите гранични премини не преминат на целосна дигитална евиденција. Од 10 април 2026 година печатите во пасошите целосно ќе бидат заменети со електронски записи.

 

Заштита на личните податоци

Сите податоци ќе се обработуваат и чуваат во согласност со строгите стандарди на Европската Унија и општата регулатива за заштита на податоците (GDPR). Со тоа се гарантира целосна заштита на приватноста и транспарентна употреба на собраните информации.

 

Апел до граѓаните

Министерството за внатрешни работи апелира до сите граѓани на Република Северна Македонија, кои планираат патувања во земјите на шенген-зоната, да се информираат за новите правила и постапки, со цел нивните патувања да бидат навремени, безбедни и без непотребни доцнења

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Филипче: Со резолуцијата за црвените линии – јазикот, идентитетот и историјата не се предмет на преговори
Следна Статија Ристески: Повеќекратно ќе се зголемат казните за прекршување на Законот за нефер трговски практики

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Ќе нема предвремен зимски распуст поради загадениот воздух, порача Јаневска

Учениците ќе следат настава до крајот на месецов и потоа заминуваат на зимски распуст. Ќе нема порано распуштање поради загадувањето.…

December 23, 2025
МАКЕДОНИЈА

Владата оддаде почит за жртвите од Сребреница: Овој геноцид останува траен потсетник на обврската за зачувување на мирот

На денешен ден, 30 години по трагедијата во Сребреница, оддаваме почит на сите невини жртви и изразуваме солидарност со нивните…

July 11, 2025
МАКЕДОНИЈА

Врнежливо до вторник, потоа стабилно и суво време

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) информира дека до вторник претпладне ќе се задржи претежно облачно време со повремени локални врнежи…

November 8, 2025
МАКЕДОНИЈА

Европски специјалитет по „европска“ цена: Парче пица на влез во Македонија – 180 денари

Во угостителски објект во Гевгелија, веднаш по влезот од Грција кон Македонија, едно парче пица се продава по цена од…

August 11, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?