Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ристески: Повеќекратно ќе се зголемат казните за прекршување на Законот за нефер трговски практики
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Ристески: Повеќекратно ќе се зголемат казните за прекршување на Законот за нефер трговски практики
ЕКОНОМИЈА

Ристески: Повеќекратно ќе се зголемат казните за прекршување на Законот за нефер трговски практики

Објавено October 1, 2025 17:31
Сподели
Сподели

Има предлог, кој со сигурност ќе го прифатиме за повеќекратно да се зголемат казните, од сегашните 20 000 евра, за непочитувањето на Законот за нефер трговски практики – најави заменик министерот за економија и труд Марјан Ристески.

Ристески денеска имаше средба со бизнисмените од прилепската регионална стопанска комора.

-Еден од предлозите, кој сигурно ќе го прифатиме за поголемо почитување на Законот за нефер трговски практики е зголемувањето на казнената политика. Предлогот е сегашната казна од 20 000 евра повеќекратно да се зголеми што и не е многу со оглед што станува збор за големи супермаркети и трговски компании во земјава. Инаку, ги охрабрувам компаниите од регионот, посебно за производство на храна, да пријавуваат законски прекршувања до КЗК – изјави Ристески.

Ристески рече дека се фокусирани на инспекциските контроли за сузбивање на сивата економија, заштита на животниот стандард и стабилизирање и намалување на инфлацијата.

-Комисијата за заштита на конкуренцијата и Државниот пазарен инспекторат постојано се на терен по пријави, дојави, но и по нивно видување зашто имаат годишна програма за работа. Секаде каде ќе бидат констатирани законските прекршувања, правните субјекти ќе бидат казнети. Мислам дека сме на добар пат да го направиме тоа. Гледам дека инфлацијата веќе се стабилизира, почнува и благо и да се намалува, посебно во поглед на основните прехранбени производи. Иако тоа не е доволно и сметаме дека во наредниот период со една таква добра политика ќе успееме повеќе да го заштитиме животниот стандард на граѓаните и инфлацијата да биде на едно стабилно, би рекол, европско, ниво. Се фокусираме на инспекциските контроли и транспарентно објавувањена цени – вели Ристески.

Од ноември лани до септември годинава, Државниот пазарен инспекторат има направено 18 000 инспекциски надзори на ниво на Македонија и се изречени казни во вредност од околу 120 милиони денари платни налози за казни за непочитување на законските регулативи.

Се подготвува унифициран софтвер за трговците.

– Се подготвува нов софтвер кој ќе биде презентиран во наредниот период. Ќе биде унифициран и бесплатно даден на сите трговци за транспарентно објавување на цените. Граѓаните ќе може сами да си креираат пазарна кошничка – изјави заменик министерот за економија и труд Марјан Ристески.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Систем за влез/излез од ЕУ: за што сè треба да се подготват патниците
Следна Статија Мицкоски: Не смееме повторно да дадеме шанса на корумпирани политичари кои ве пљачкосуваа, а Македонија понижуваа

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Nvidia станува првата компанија во историјата што вреди 5 трилиони долари

Nvidia денес стана првата компанија во историјата што вреди повеќе од 5 трилиони долари (5.000 милијарди долари). Денешниот пораст на…

October 29, 2025
ЕКОНОМИЈА

АХВ изрече казни од 82 илјади евра за големите ланци на маркети, уништени 22,3 тони небезбедна храна | ФОТО

Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), неделава ( 10-12.02.2025 година), на целата територија во државава, спроведоа 124…

February 13, 2025
ЕКОНОМИЈА

„Фајненс тинк“: Само 12 дејности во Македонија имаат плата над 1 000 евра

Вработените во само 12 дејности во земјава имаат плата над 1 000 евра. Ова на сликовит и прегледен начин го…

May 31, 2026
ЕКОНОМИЈА

Ванделт: Не ни е познато дека некој од германските инвеститори планира кратење на работни места

Директорката на Германската стопанска комора (АХК), Антје Ванделт вели дека вработените во германските инвестиции во земјава не треба да се…

December 17, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?