Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Димитриеска Кочоска: Прашањето за вториот пензиски фонд не е за мене
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Димитриеска Кочоска: Прашањето за вториот пензиски фонд не е за мене
ЕКОНОМИЈА

Димитриеска Кочоска: Прашањето за вториот пензиски фонд не е за мене

Објавено June 25, 2026 19:33
Сподели
Сподели

Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска денеска од собраниска говорница истакна дека прашањето за исплатата на средства во вториот пензински фонд треба да биде упатено до директорот на ПИОМ, а не до Министерството за финансии. Таа на прашање на пратеникот Јован Митрески објасни како се вршат плаќањата од трезорот.

– Трезорот има улога на шалтерски работник во банка, ако има пари институцијата и ликвидност тоа значи дека може да се изврши плаќањето. Ако нема пари и ликвидност тоа значи дека плаќањето не може да се изврши. И тоа нормално треба да се гледа до крајот на годината какви ќе бидат состојбите. Генерално, за периодот за кој што прашувате, хипотетички кажувам сега, имаме сто единици коишто сме ги планирале да ги оствари пензискиот фонд и велиме уште 50 единици ќе дополниме од буџетот, меѓутоа тие 100 единици во некој момент се 98 и две остануваат неостварени, притоа одговорното лице во Фондот треба да одлучи како ќе ги менаџира парите. Ако одговорното лице во Фондот пушти во исто време налози за плаќање кон одреден правен субјект, ама во исто време пушти и други налози, ние се јавуваме и прашуваме што му е приоритет. Еве за конкретниот период за којшто прашувате приоритет бил Фондот за здравство, така што апсолутно мислам дека ова прашање не треба да ми го поставувате на мене туку директно на директорот на ПИОМ – рече Димитриеска Кочоска. Ова прашање, додаде таа, не е за мене.

Митрески го отвори прашањето за исплатата на средствата во вториот пензиски фонд по обајвувањето на ревизорскиот извештај за работата на ПИОМ во којшто, меѓудругото, се наведува дека доцнела исплатата на парите за вториот пензиски фонд.

Министерката Димитриеска Кочоска од собраниската говорница истакан дека како резултат на сите овие дискусии од оваа година почнале на секое плаќање што го пушта пензискиот фонд да доставуваат барање да кажат што им е приоритет, затоа што во ист момент буџетот не се полни. Секој месец има различна реализација, објаснува таа, и согласно на тоа треба да се подготвуваат и налозите. – Но, како се подготвувани согласно состојбите и ликвидноста на сметка така се пуштаат, рече министерката.

За оваа година вториот столб е испланиран комплетно односно онолку колку што треба да биде исплатено.

– Се согласувам со вас дека приоритет треба да биде ова и ако ја погледнете оваа година, вториот столб е испланиран комплетно, колку што треба да биде исплатено за годината. И јас се надевам дека повторно пензискиот фонд нема да има проблем во делот на наплатата и дека ќе може да ги сервисира обврските. Придонесите за пензиски фонд и придонесите од плати ги прибира УЈП, меѓутоа трудовата инспекција не е под Министерство за финансии и мислам дека има друго надлежно министерство кое треба да се занимава со тоа како оди наплатата на овие придонеси – рече Димитриеска Кочоска

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Лина Ѓорческа ќе игра на Вимблдон
Следна Статија Филипче до Мицкоски: Ќе излезете ли и ќе кажете пред граѓаните дека потфрливте и дека ништо не исполнивте?

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Николоски: МЖ Транспорт ќе набавува најмалку пет нови локомотиви, првата линија од Градски воз во функција од 1 септември

МЖ Транспорт потпиша договор со ЕВОР за најмалку пет нови товарни локомотиви, а работиме и со Светска банка за набавка…

April 26, 2026
ЕКОНОМИЈА

Димитров: Платата не е работа на желби, туку на економски критериуми

Платата не е работа на желби, туку на економски критеруми кај кои нема зголемување за износ на кој ќе се…

January 29, 2026
ЕКОНОМИЈА

Поевтинуваат горивата

Бензините и евродизелот од ноќеска на полноќ поевтинуваат за два денара по литар, а цената на екстра лесното масло за…

December 15, 2025
ЕКОНОМИЈА

За да се намали цената на станбениот квадрат: Николоски најави изградби на станбени згради во Битола, Штип и Скопје

Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор (ЈПДП) прави план за изградба на нови станбени згради во Битола,…

November 8, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?