Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Лина Ѓорческа ќе игра на Вимблдон
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Лина Ѓорческа ќе игра на Вимблдон
СПОРТ

Лина Ѓорческа ќе игра на Вимблдон

Објавено June 25, 2026 19:22
Сподели
Сподели

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа успеа да се пласира на главниот турнир на Вимблдон, како прва македонска тенисерка во поединечна конкуренција.

Ѓорческа попладнево во третото коло од квалификациите ја победи Лусија Бронцети од Италија со 2:0 во сетови (6-1, 6-2) за 73 минути игра.

До својот историски прв настап на грен слем турнир Ѓорческа дојде со три победи во квалификациите, откако претходно беше поуспешна од Шпанката Анхела Фита Болуда и Франциска Жорге од Португалија.

Денешната ривалка на Ѓорческа беше 20. носителка во квалификациите и 127. рангирана тенисерка на ВТА листата, 96 места погоре од македонската тенисерка.

Првиот сет и припадна убедливо на Ѓорческа со 6:1 во гемови, иако противничката го освои првиот гем со брејк, но потоа следуваше серија од шест гема за македонската тенисерка и сетот го доби за 31 минута.

На стартот од вториот сет по водството на Бронцети од 1:0, Ѓорческа во 2. гем спаси осум брејк топки и по 20 одиграни поени израмни на 1:1 во гемови, а потоа веднаш направи брејк за водство од 2:1 и предноста ја зголеми на 3:1. Во следните два гема немаше брејк и Ѓорческа ја задржа предноста од два гема – 4:2. Македонската тенисерка во седмиот гем направи уште еден брејк за водство од 5:2 и во следниот гем на свој сервис само ја потврди победата и пласманот на Вимблдон.

Извлекувањето на двојките за главниот турнир ќе се одржи утре.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Дел од обиколницата кај Солун ќе биде затворен цел викенд
Следна Статија Димитриеска Кочоска: Прашањето за вториот пензиски фонд не е за мене

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Анчелоти осуден на една година затвор

Италијанскиот фудбалски тренер Карло Анчелоти е осуден во Мадрид на една година поради затајување на данок пред десет години. Казната…

July 10, 2025
СПОРТ

Германските навивачи се спремни за СП (ВИДЕО)

Германската репрезентација според коефициентите е петти фаворит на СП. Атмосферата полека се загрева а пристигна и официјалната навивачка песна песна…

June 1, 2026
СПОРТ

Лино Червар доаѓа во Битола

Хрватските медиуми објавија дека нов тренер на Еурофарм Пелистер од јули ќе бидеЛино Червар и битолскиот клуб постигнале договор за…

May 13, 2026
СПОРТ

Навивачите на Челзи: Премиер лигата да ги истражи врските на Тод Боли со веб-страницата за препродажба на билети

Навивачите на Челзи побараа од Премиер лигата да ги истражи врските на косопственикот на клубот Тод Боли со веб-страницата за…

March 27, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?