Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Дел од обиколницата кај Солун ќе биде затворен цел викенд
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Дел од обиколницата кај Солун ќе биде затворен цел викенд
БАЛКАН

Дел од обиколницата кај Солун ќе биде затворен цел викенд

Објавено June 25, 2026 15:52
Сподели
Сподели

Граѓаните кои викендов ќе патуваат кон грчките туристички места, особено кон Халкидики, треба да бидат подготвени за изменет режим на сообраќај и можни подолги задржувања во близина на Солун.

Грчките власти информираа дека поради градежни зафати за изградба на нов надвозник, дел од обиколницата околу Солун привремено ќе биде затворен за сообраќај во двата правци.

Според најавите, коловозот во западниот правец, односно кон центарот на Солун, нема да биде во функција од петок, 26 јуни, од 23 часот, па сè до недела, 28 јуни, до 23 часот.

Во истиот период ќе биде затворен и источниот правец, кој води кон аеродромот и туристичките места на Халкидики.

Дополнително, надвозникот што ги поврзува Пилеа и Панорама ќе биде затворен од сабота, во 05 часот наутро, до недела, во 23 часот.

Во текот на ограничувањата, возачите ќе бидат пренасочувани по алтернативни сообраќајници низ урбаното подрачје на Солун, поради што се очекува зголемена фреквенција на возила и создавање метеж, особено во шпицот на туристичката сезона.

Надлежните служби препорачуваат патниците навреме да го испланираат своето патување, да се информираат за алтернативните рути и да предвидат дополнително време за патување.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Трамп: Храбриот Зеленски се снаоѓа прилично добро во војната со Русија
Следна Статија Лина Ѓорческа ќе игра на Вимблдон

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

(ВИДЕО) Огромен пожар беснее во познато грчко летувалиште

Пожар попладнево избувна во шумската област Агиос Никитас на Лефкада, јавија грчките медиуми. Пожарот избувнал во близина на плажата Катисма,…

March 23, 2025
БАЛКАН

Дачиќ: Се вратив во живот, му благодарам на мојот брат Вучиќ

Министерот за внатрешни работи на Србија Ивица Дачиќ проговори за прв пат откако беше хоспитализиран поради билатерална пневмонија . -…

March 9, 2026
БАЛКАН

Објавени фотографии од 13-годишното момче убиено во масакрот во Цетиње: „Кој сега ќе ме насмее…“

Една од 12-те жртви на Ацо Мартиновиќ кој вчера го изврши масакрот во Цетиње е 13-годишното момче М.В.. Пријателите на…

January 2, 2025
БАЛКАН

Во Бугарија запленети 206 килограми кокаин, вреден 20 милиони евра

Бугарските гранични служби денес објавија дека успешно заплениле една од најголемите пратки кокаин пронајдени досега во комбе со белгиски регистарски…

July 20, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?