Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ракометарите на Вардар имаат нов тренер, доаѓа од Аргентина
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Ракометарите на Вардар имаат нов тренер, доаѓа од Аргентина
СПОРТ

Ракометарите на Вардар имаат нов тренер, доаѓа од Аргентина

Објавено October 30, 2024 20:50
Сподели
Сподели

Актуелниот селектор на Аргентина, Гиљермо Милано ќе седне на клупата на најтрофејниот македонски ракометен клуб Вардар 1961 и најмалку до крајот на актуелната сезона ќе ги предводи „црвено-црните“.

Како што вечерва соопшти двократниот европски првак, „постигнат е договор за соработка до крајот на сезонава, со можност истиот да биде продолжен. На почетокот на следниот месец Милано ќе пристигне во Скопје и ќе ја преземе екипата на Вардар“.

Милано доаѓа на клупата на Вардар 1961 откако од 2021 година е аргентински селектор.

Со репрезентацијата на Аргентина настапи на последните Олимписки игри во Париз, на Светското првенство 2023 година во Полска и Шведска, а го освои златниот медал на Панамериканските игри 2024, совладувајќи го во финалето Бразил.

Во изјава за клупскиот сајт, Милано наведе дека е возбуден од можноста да боде дел од новото поглавје во историјата на Вардар 1961.

Огромна чест е да добиеш повик од еден од најпрестижните тимови во Европа, и ја имав привилегијата да го следам клубот долги години во нивните настапи во Лигата на шампионите. Од Македонија ја покорија Европа со својот нескршлив карактер и борбеност инспирирајќи ги ракометните фанови насекаде. Како што го носам моето 20-годишно искуство со аргентинските репрезентации, исто така се обврзувам да и пристапам на оваа улога препознавајќи го наследството на големите тренери кои беа пред мене. Целосно сум посветен да дадам сè за Вардар, да оставам сè уште на теренот и да придонесам за континуиран успех на тимот“, изјави Милано.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ФОТО) Ноле на имотот во Војводина одгледува лаванда
Следна Статија Влатко Стојкоски е нов директор на Државен пазарен инспекторат

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Роналдо не сакал да го засени погребот на Жота и затоа не дошол

Најголемата португалска ѕвезда и капитен на националниот тим, Кристијано Роналдо не беше присутен на погребот на Диого Жота и Андре…

July 6, 2025
СПОРТ

(Видео) Таварез со звукот на сирената му пресуди на Партизан

Кошаркарите на Реал Мадрид го совладаа Партизан во Белград со 91:89 во 34. коло од Евролигата. Партизан ја заврши сезоната…

April 11, 2025
СПОРТ

ТФТ првпат ќе игра во финалето од македонскиот плејоф

Кошаркарите на ТФТ се вториот финалист во плеј-офот од домашното кошаркарско првенство. Во третиот меч од полуфиналната серија, ТФТ како…

May 19, 2025
СПОРТ

Шок во Барселона: Јамал се повреди, ќе биде ли спремен за СП?

Фудбалерот на Барселона, Ламин Јамал, ќе отсуствува од теренот до крајот на сезоната поради повреда на тетивата, објави денеска шпанскиот…

April 23, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?