Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ристовски: Пропустите се резултат на неспособноста на една градоначалничка и на одговорните луѓе во МОК!
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Ристовски: Пропустите се резултат на неспособноста на една градоначалничка и на одговорните луѓе во МОК!
МАКЕДОНИЈА

Ристовски: Пропустите се резултат на неспособноста на една градоначалничка и на одговорните луѓе во МОК!

Објавено July 27, 2025 13:44
Сподели
Сподели

Министерот за спорт Борко Ристовски, одговори на обвинувањата од страна на Град Скопје дека цела година МОК и Министерството за спорт ја организираат Олимпијадата и дека градот не бил целосно исклучен, дури не добил и покана за отоврањето

Денеска цел ден добивам пораки од граѓани со неточни, паушални, па дури и навредливи тврдења кон мене и кон институцијата што ја водам како министер. Не сакам да споменувам имиња на градоначалници и градоначалнички, имиња кои се веќе завршени приказни во политиката, а некои чекаат и извршување на затворски казни.

Ќе потсетам дека на прес конференцијата на 6 април посочив дека ова е голем настан од кој спортот треба да има бенефит пред се поради големиот број на македонски учесници. Да потсетам дека од нас помош беше побарана во последните 90-100 дена. Сугерирав дека ние немаме капацитет и моќ, но добивав уверувања дека организаторот ќе се справи со предизвикот. Тоа што беше побарано од институцијата што јас ја водам како министер беше исполнето во целост!“.

„И пак ќе потсетам дека Министерството за спорт не е официјален организатор на ЕМОФ Скопје 2025! Ако некој треба да сноси одговорност за пропустите во организацијата тоа се оние што ја презедоа одговорноста и обврската да го организираат настанот. Пропустите се резултат на неспособноста на една градоначалничка и на одговорните луѓе во МОК!

Министерството за спорт ќе продолжи да работи со сите институции во рамките на своите надлежности, но нема да молчи пред невистини и обиди за дефокусирање од реалната слика.

Работата не се средува со преписки и со пишување статуси на Фејсбук, туку со соочување со реални факти и аргументи.

Кога некој е неуспешен во некоја работа, најлесно е да пишува по социјалните мрежи и да шири невистини.

СПОРТОТ ЌЕ ЖИВЕЕ!“ пишува Ристовски на Фејсбук.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Владата ветува дека за околу 2,5 милиони евра ќе се зголеми буџетот за поддршка на мали бизниси
Следна Статија Шукова и Ацевски: Приоритет за Ѓорче Петров ни е решавање на проблемот со водоснабдувањето

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мисајловски: Нова сила и иднина на Армијата, свечена заклетва на 300 новопримени професионални војници

300 новопримени професионални војници на македонската Армија денеска дадоа свечена заклетва во велешката касарна „Алексо Демниевски Бауман“. Министерство за одбрана…

January 16, 2026
МАКЕДОНИЈА

Инспекторатот за животна средина вели дека Усје не загадува

До 20 декември 2025 година се реализирани 1700 инспекциски надзори за амбиентален воздух, од кои 839 редовни, 532 вонредни и…

January 2, 2026
МАКЕДОНИЈА

Селекцијата на кандидати и изборот на нов претседател на ДКСК ќе почне по локалните избори

Собраниската Комисија за прашањата на изборите и именувањата на денешната седница формира Комисија за селекција на кандидати за претседател на…

August 13, 2025
МАКЕДОНИЈА

И Филипче дел од рекет шемата, ексклузивна фотографија од домот на Боки 13

Бојан Јовановски познат како Боки 13, го објави долгонајавуваниот документарен филм „Рекет“, во кој објави фотографија од лидерот на СДСМ,…

October 16, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?