Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицевски: ДУИ и СДС направија брак и застанаа против животите и безбедноста на граѓаните
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицевски: ДУИ и СДС направија брак и застанаа против животите и безбедноста на граѓаните
МАКЕДОНИЈА

Мицевски: ДУИ и СДС направија брак и застанаа против животите и безбедноста на граѓаните

Објавено January 23, 2026 18:12
Сподели
Сподели

Коалицијата СДС и ДУИ се покажа на дело и во опозиција. ДУИ и СДС направија брак и застанаа против животите и безбедноста на граѓаните. СДС и ДУИ, коалицијата Али и Венко денеска заедно во Собранието гласаа против проектот „Безбеден град”, вели Никола Мицевски, пратеник и координатор на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Денес тие јасно застанаа против проектот Безбеден град. Денес тие гласаа против измените на Законот за прекршоци кој овозможува функционирање на овој проект, за почеток во Скопје, Куманово и Тетово, а опрема е поставена и по Коридорот 8 и 10, рече тој.

Обвини дека тие се против намалување на сообраќајни несреќи, повреди и смртни случаи во сообраќајот.

-Низ факти илустрирам за што се против СДС и ДУИ: На први октомври кога започна пробниот период, камерите во Скопје регистрирале 110.000 прекршоци од кои 90 проценти за брзо возење. Само за еден ден од функционирање на системот или на втори декември, бројката се намали двојно на околу 50 илјади прекршоци. Потоа, во првите осум месеци од 2025 година, во сообраќајни несреќи во земјава загинале 91 лице или по 11,3 луѓе месечно. Во 2024, бројот на жртви на патиштата бил 142 лица или по 11,8 изгубени животи месечно. Сега бројката на смртни случаи е намалена од 11 на 2 смртни случаи во декември 2025 и јануари 2026, поосчи координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицевски истакна дека СДС и ДУИ уште еднаш покажаа на дело дека не знаат да застанат зад политика во корист на граѓаните, конкретно сега, за безбедноста на граѓаните.

-Со овој потег, овие две партии и покрај казната од граѓаните на изминатите избори, тие не знаат да се надминат себе си и да работат во корист на граѓаните, рече тој.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Синдикат на „Македонска пошта“: Надминати се сите проблеми, платата е веќе исплатена
Следна Статија Мицкоски од Давос: Македонија ја зајакнува енергетската инфраструктура, се развиваат проекти за производство на електрична енергија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: За нас секогаш Македонија била света работа, горда, исправена – нашата борба е таа да биде повторно ваша

Претедателот на Владата и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоcки вечерва на трибина во Прилеп, пред граѓаните даде отчет за сработеното…

June 25, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Во Дубаи ги преставив можностите за инвестирање во Македонија и нашите напори да се најдеме на мапата на светските инвеститори

Премиерот Христијан Мицкоски кој со владина делегација престојуваше во Дубаи остварил повеќе средби и со компании разговарал за проекти, можности…

April 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

Денеска е Лазарова сабота, утре Цветници – празници предвесници на Велигден

Саботата пред Цветници се вика Лазарова сабота или Лазарица. Православните верници на овој ден си споменуваат за чудесното воскресение на…

April 4, 2026
МАКЕДОНИЈА

Агелер за Груби: Важно е луѓето да бидат повикани на одговорност за нивните дела, се надевам дека тој е еден од нив

Амбасадорката на САД во државава Анџела Агелер, во одговор на новинарско прашање за поранешниот вицепремиер Артан Груби, кој како осомничен…

December 30, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?