Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Жена спасена по 60 часа под урнатините, најмалку 1.700 загинати во земјотресот во Мјанмар
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Жена спасена по 60 часа под урнатините, најмалку 1.700 загинати во земјотресот во Мјанмар
СВЕТ

Жена спасена по 60 часа под урнатините, најмалку 1.700 загинати во земјотресот во Мјанмар

Објавено March 31, 2025 09:39
Сподели
Сподели

Три дена по силниот земјотрес што го погоди Мјанмар, властите проценуваат дека загинале најмалку 1.700 луѓе.

Спасувачките тимови се обидуваат да пронајдат уште преживеани под урнатините на зградите во Мјанмар и Тајланд, а во заедничка петчасовна спасувачка операција спроведена од кинески, руски и локални тимови, една жена е спасена по 60 часа под урнатините на хотелот Great Wall во градот Мандалеј, јавува Ројтерс.

Во објава на Фејсбук од кинеската амбасада во Мјанмар утринава се вели дека спасената жена е во стабилна состојба.

Во шест региони на Мјанмар е прогласена вонредна состојба по разорниот земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала.

Во исто време, спасувачките тимови во главниот град на Тајланд, Бангкок, продолжуваат со фанатична потрага по луѓе кои се уште се водат како исчезнати во урнатините на урнатата кула од 30 ката, јавува Франс 24.

Во Бангкок, според денешните официјални податоци на градската власт, загинале најмалку 18 лица, 33 се повредени, а 78 се водат како исчезнати.

Светската здравствена организација (СЗО) е на терен во двете земји, обезбедува итна помош и ги координира операциите за спасување, изјави во Женева портпаролот на СЗО Тарик Јашаревиќ.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Историски успех на Алкалоид, избори полуфинале во Европскиот куп
Следна Статија Според ОН, Македонија во 2100 година ќе има 52 отсто помалку население!

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Мерц ја поддржува забраната на социјални мрежи за деца под 14 години

Германскиот канцелар Фридрих Мерц ја поддржа иницијативата за забрана на социјални мрежи за деца помлади од 14 години, предлог што…

February 18, 2026
СВЕТ

27-годишната Каролин Левит избрана за портпаролка на Белата куќа, најмладата во историјата

Каролин Левит (27) е именувана за нова портпаролка на американскиот претседател Доналд Трамп, што ја прави најмладата личност на оваа…

January 23, 2025
СВЕТ

Шокантни слики од Газа, два милиони луѓе умираат од глад: Од децата останаа само скелети

Комесарот на Агенцијата на ОН (UNRWA), Филип Лазарини, денеска изјави дека колега му рекол: „Луѓето од Газа не се ниту…

July 25, 2025
СВЕТ

ВИДЕО: Хаос во Букурешт по забраната за Георгеску да биде претседателски кандидат

Романската Централна изборна комисија (ЦЕБ) ја отфрли кандидатурата на екстремно десничарскиот политичар Калин Георгеску за повторени претседателски избори, што предизвика…

March 10, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?