Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Зајкова се чуди на барањето на Филипче, кога Декларација веќе била изгласана
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Зајкова се чуди на барањето на Филипче, кога Декларација веќе била изгласана
ПОЛИТИКА

Зајкова се чуди на барањето на Филипче, кога Декларација веќе била изгласана

Објавено September 4, 2025 16:04
Сподели
Сподели

„Овој проблем со Бугарија мене навистина некако ми личи на некаков дебатен договор. Ние кога воспитуваме дома дете го воспитуваме да ги завршува домашните задачи, а не да бара изговори како да ги избегне. Зошто го велам ова, затоа што претходниот собраниски состав веќе има изгласано заклучоци за црвените линии, јас секогаш си ги носам со себе, каде што јасно стои дека мора безусловно да се почитуваат јазичните, идентитетските, историските и културните особености на македонскиот народ како елементи за кои не се преговара со Европскјата унија. Какви повеќе црвени линии ни требаат кога го имаме ова“ вели Зајкова по однос на предлогот на лидерот на СДСМ за документ за национален консензус.

Прашана за тоа од каде сега идејата Филипче да излези со еден ваков предлог и дали смета дека ова ќе се провлекува во изборната кампања, Зајкова вели дека таа не е Филипче, дека не се СДСМ и имаат идеолошки разлики и дека не се ниту ВМРО ДПМНЕ.

„Добронамерно посакувам и премиерот да биде добар во интерес на државата и опозицијата да дејствува навистина опозиционо и да се наоѓаат решенија. ЛДП го кажа своето решение по однос на ова прашање, уставни измени со одложено дејство и не стапување на истите во сила додека Бугарија не го ратификува протоколот за членство на Македонија во Европската унија, но она што сега сметам дека е суштински, ќе се вратам на почетокот на вашите прашања дали ќе доминираат националните теми или локалните теми, мислам дека пред овие избори треба да се занимаваме со секојдневните потреби и проблеми на граѓаните, а не да излегуваме и да кажуваме разно-разни решенија колку да не се реши проблемот, затоа што веќе ви напоменав ние црвени линии имаме изгласано. Еднаш е гласана декларација во Собранието за црвените линиии, втор пат се гласани заклучоци по однос на тој предлог кој стигна од ЕУ со кои што јасно се гарантира дека за идентитетот и јазикот не може да се преговара“ вели Зајкова во интервју за Актуел на Тера телевизија.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Делегација на Венецијанската комисија на разговори во Уставниот суд
Следна Статија МОН: Испораката на учебниците завршува деновиве, електронскиот дневник функционира без проблеми

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Доналд Трамп го помилува Tim Leiweke, извршен директор во забавната индустрија, само 5 месеци по обвинението на Министерството за правда

Помилувањето дојде само пет месеци по обвинението на Министерството за правда.

December 5, 2025
ПОЛИТИКА

Уставобранителите поднесоа кривична пријава за поранешниот обвинител В.Р за настаните од „27 април“

Уставобранителите поднесоа кривична пријава за поранешниот обвинител В.Р за злоупотреба на службената положба и попречување на правдата против поранешната обвинителка…

April 27, 2026
ПОЛИТИКА

Партиите се подготвуваат за локални избори

Подготовките за локалните избори во октомври 2025 паднаа во сенка на трагедијата во Кочани и на вестите за глобалните светски…

April 17, 2025
ПОЛИТИКА

Стани Цаци да те види Венко

Органите и телата на СДСМ oд понеделник ќе дебатираат за учеството на пратеничката од оваа партија Славјанка Петровска на настанот…

July 4, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?