Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: За една година, цените на храната во кафеаните зголемени за 7,5%, а на алкохолот за 9%
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > За една година, цените на храната во кафеаните зголемени за 7,5%, а на алкохолот за 9%
ЕКОНОМИЈА

За една година, цените на храната во кафеаните зголемени за 7,5%, а на алкохолот за 9%

Објавено October 7, 2025 14:33
Сподели
Сподели

Цените на угостителските услуги во септември 2025 година не забележале промени во однос на претходниот месец, но во споредба со тој месец минатата година има значителен раст.

– Цените на угостителските услуги во септември 2025 година во однос на тој месец од претходната година се зголемени за 4,7% – објави Државниот завод за статистика.

Тие укажуваат дека цените на угостителските услуги во периодот јануари – септември 2025 година во однос на тој период од минатата година се зголемени за 5,2%, додека во однос на декември 2024 година зголемувањето е 1,9%.

Иако нивните податоци покажуваат дека цените во угостителството, по групи во септември 2025 година, во однос на август 2025 година биле зголемени кај групата безалкохолни пијалаци за 0,1%, а кај групите храна, алкохолни пијалаци и ноќевања не биле забележани промени, имало големи промени во однос на тој месец минатата година.

Па така, кај храната, порастот на цените бил 7,5%, кај групата алкохолни пијалаци поскапувањето на годишна основа било дури 9,1%. Кај безалкохолните пијалаци, цените во рестораните се зголемиле за 6,1%, додека кај ноќевањата имало намалување на цените во споредба со тој месец минатата година.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ВИДЕО: Експлозии во близина на канцеларијата на францускиот премиер во Париз
Следна Статија Ваков влез во сезона Милан немале 20 години

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Куповната моќ со сегашната минималната плата во Македонија е повисока од сите земји во соседството

Премиерот Христијан Мицкоски денеска од собраниската говорница порача дека куповната моќ со сегашната минималната плата во Македонија е повисока од…

December 25, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Почнува кампањата „Помалку трошоци, повеќе за тебе – Се грижиме“, ќе се намалат цените на над 800 производи

Од денеска почнува кампањата „Помалку трошоци, повеќе за тебе – Се грижиме“ со која се намалуваат цените на над 800…

December 15, 2024
ЕКОНОМИЈА

Тренчевска: Владата крати пари за најранливите категории во Буџетот

Пратеничката на СДСМ, Јована Тренчевска, истакна дека предлог-буџетот за 2026 година кој го предлага Владата не само што не обезбедува…

November 15, 2025
ЕКОНОМИЈА

СКСЗМ: Критериумите за ваучерите на Владата ги дискриминираат малите и средни претпријатија

Стопанската комора на Северо-Западна Македонија (СКСЗМ) денеска преку соопштение реагира во врска со условите предвидени во јавниот повик на Владата…

August 25, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?