Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Куповната моќ со сегашната минималната плата во Македонија е повисока од сите земји во соседството
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Мицкоски: Куповната моќ со сегашната минималната плата во Македонија е повисока од сите земји во соседството
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Куповната моќ со сегашната минималната плата во Македонија е повисока од сите земји во соседството

Објавено December 25, 2025 13:29
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски денеска од собраниската говорница порача дека куповната моќ со сегашната минималната плата во Македонија е повисока од сите земји во соседството, освен Грција. Според него, минималната плата треба да се зголеми, но тоа треба да биде резултат од разговорите меѓу и дијалогот меѓу работниците и работодавачите.

Мицкоски оцени и дека грубо се манипулира со бројки за зголемена минимална плата во соседството зашто таму се зборува за бруто, а кај нас за нето што е голема разлика.

Грција има нешто повисока куповна моќ со минималната плата, а ние имаме повисока од Бугарија, Албанија, БиХ, Црна Гора, Србија, Косово. Од 27-те земји каде е регулирана минималната плата, ние сме за 10 или 11 од нив со повисока куповна моќ. И да, тоа не е доволно, треба повеќе, не велам не, но тоа е резултат на разговорите и дијалогот меѓу работниците и работодавачите. Владата е тука да го фасилитира тој процес. Ние немаме подготвителни состаноци со овие две страни за Економско-социјалниот совет да изгледа како убава политичка парада. Напротив. Имаме жесток дијалог и така ќе продолжиме да функционираме. Ние како Влада можеме да дадеме 250 милиони субвенцинирани кредити на стопанството за во услови на криза да биде стабилно и да креира работни места и тоа го направивме. Можеме со работа да генерираме економски раст во третиот квартал 3,8 отсто реален и 10,2 номинален во однос на нашиот БДП. Прва е Ирска, втора Црна Гора, Данска е трета, а ние со Кипар заедно имаме 3,8, рече Мицкоски, одговорајќи на прашање што му го постави пратеничката Емилија Ангелова од ВМРО-ДПМНЕ.

Како што напомена премиерот, и во однос на минималната плата граѓаните треба да одлучат дали ќе веруваат на политички памфлети или ќе му веруваат на Евростат.

Дали треба повеќе? Да, треба. Ја сум првиот што тоа ќе го поддржи и вели: да, треба. Треба да биде најмногу. Ако гледаме од себични причини, Владата може да побара од Собранието минимнална плата од 700 евра и да профитира, но дали бизнисот и економијата тоа можат да го издржат? Тоа е прашање што работниците и работодавачите треба да го одговорат. Затоа ние велиме, во дијалог да си го одговорите тоа прашање, ние само можеме да помогнеме во тој процес, подвлече Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ангелов со предупредување пред Нова година: Ниедна прослава не вреди живот
Следна Статија ЈСП ги потсетува корисниците на студентскиот годишен билет дека е неопходно да го заверат билетот за 2026

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Бензините поскапуваат за половина денар, дизелот поевтинува за 6.5 денари!

Од полноќ стапуваат на сила новите цени на горивата, со кои дизелот ќе поевтини за 6,5 денари по литар, додека…

June 1, 2026
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Во име на Владата имавме чест да организираме ифтарска вечера, момент на заедништво, почит и духовна поврзаност

Премиерот Христијан Мицкоски преку Фејсбук објава извести дека вечерва Владата организирала ифтарска вечера, која ја означи како момент на заедништво,…

March 12, 2026
ЕКОНОМИЈА

Аеродромите во Италија се соочуваат со недостиг на гориво поради војната во Иран

Четири италијански аеродроми – Болоња, Милано Линате, Тревизо и Венеција – се соочуваат со можни ограничувања во снабдувањето со гориво…

April 6, 2026
ЕКОНОМИЈА

(ВИДЕО) Димитриеска-Кочоска: Го официјализиравме првиот дел од Договорот за заем, почнавме разговори за вториот дел

Со потпишување на Договорот со унгарската Експорт – импорт банка во Будимпешта се официјализираше првиот дел од Договорот за заем…

October 9, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?