Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: „Идејата не банкротира“- Зоран Витанов започнува план за нова апликација и обнова на мрежата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > „Идејата не банкротира“- Зоран Витанов започнува план за нова апликација и обнова на мрежата
ЕКОНОМИЈА

„Идејата не банкротира“- Зоран Витанов започнува план за нова апликација и обнова на мрежата

Објавено August 30, 2025 09:45
Сподели
Сподели

„Не ја менуваме нашата мисија, само ја менуваме патеката. Јас сум со вас и пред вас – и нема да ве водам таму каде што не би одел сам“ – им порача Зоран Витанов на членовите на Лајконет Македонија. Во поопширната вибер порака појаснува дека веќе се работи на пронаоѓање одржлив, етички и профитабилен бизнис модел „каде што повторно ќе можеме да работиме со чиста совест и гордост на идејата која плени: здружена заедница на трговци и купувачи“. Воедно, повикува да не се обвинуваат меѓусебно, туку да ги разгледаат можностите и да поведат заедничка постапка за заштита на „сите маркетери“. – пишуваат од порталот Пари.мк.

Откако странските медиуми минатата недела известија дека банкротот е неизбежен за MyWorld International AG, внимението е насочено и кон Витанов, иако Мај Ворлд Македонија е во сопственост на Радован Витошевиќ. Познато е, Витанов ја предводи Лајконет Македонија и е долгогодишен претставник на Лајконет Аустриа ГмбХ, кој е засегнат од стечајот. А, во нејзини рамки е и Лајконет Македонија.

Пари се обиде да ги контактира и Витошевиќ и Витанов. На повикот одговори само Витанов, кој нагласи дека е оштетен и дека ќе покрене соодветна правна постапка.

Витанов во пораката до членовите на Лајконет Македонија изнесе став дека моменталните случувања се поради лошото менаџирање на истата. Тој ги охрабрува да не се откажуваат и да бидат трпеливи затоа што наскоро ќе има нова апликација, која ќе биде исто профитабилна.

Тој во пораката истакнува дека веќе собира понуди од софтверски компании кои би можеле да ја направат апликацијата. „Всушност, нашиот тим го воздигна овој бизнис. Зошто да не биде и бизнисот наш?“ – ја завршува тој својата порака до корисиниците на овие услуги.

Повеќе прочитајте ТУКА

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мелони згрозена откако нејзини фотографии се појавија на порно страница
Следна Статија ВМРО-ДПМНЕ: Со нас народот живее подобро, платите растат, инфлацијата се топи

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Сè уште не е познато кога ќе стартува авиолинијата Скопје-Дубаи

Сè уште не е познато кога точно ќе профункционира летот Скопје-Дубаи, иако првично требаше да стартува на 30 март годинава.…

April 28, 2025
ЕКОНОМИЈА

Виз ер отвори уште една нова авиолинија од скопскиот аеродром – Штутгарт

Со првиот лет што полета денеска, понеделник, 29 септември, во 6:25 часот наутро, од Меѓународниот Аеродром Скопјe до Штутгарт, Виз…

September 29, 2025
ЕКОНОМИЈА

Раст од 16,7 проценти на цената на становите во првиот квартал годинава

Во првиот квартал годинава становите во Скопје поскапеле за 16,7 проценти на годишно ниво, а за 0,1 процент на квартално,…

April 8, 2026
ЕКОНОМИЈА

КОЈ ЧЕКА ЌЕ ДОЧЕКА: Кичево – Охрид ќе се гради уште една година, потпишан нов анекс за уште186 милиони евра

Потпишан е Анекс број 8 на Договорот за изградба на автопатот Кичево – Охрид, со кој се обезбедуваат дополнителни средства…

March 12, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?