Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Трендафилов: Не не буткајте на улица, дајте да седнеме да се договориме за зголемување на платите
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Трендафилов: Не не буткајте на улица, дајте да седнеме да се договориме за зголемување на платите
ЕКОНОМИЈА

Трендафилов: Не не буткајте на улица, дајте да седнеме да се договориме за зголемување на платите

Објавено August 27, 2025 09:00
Сподели
Сподели

Борбата за зголемување на минималната плата не е борба против Владата или за затворање на компаниите, туку е борба за егзистенција за работниците, вели претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија – Слободан Трендафилов.

Според Трендафилов, загрижува тоа што нема договор за зголемување на минималната плата, а не смее ниту да има до завршување на локалните избори.

Тој предупреди дека секоја година се повеќе граѓани се иселуваат и бројот на вработени се намалува и дека не треба да се доведеме во ситуација, како што вели „заради алчноста или самобендисаноста на една од страните или на две од страните наспроти третата“ работниците да трпат и да заминат од земјава.

-Од почетокот на годината до сега сме одржале 14 протести и два штрајка за плати, не сме имуни на огранизирање на нови и тоа сме им го кажувале на сите власти до сега, но се надеваме дека ќе наидеме на разбирање и преку дијалог ќе дојдеме до повисоки плати, вели првиот човек на ССМ.

Според него доколку и пратениците навистина се грижат за работниците, тогаш може уште веднаш да донесат измени и дополнувања на законот за минимална плата и тоа да се применува по завршување на локалните избори.

Последното зголемување на минималната плата во 2022 година, нагласува Трендафилов, е извојувано на улица и како ССМ велиме „не не буткајте на улица, дајте да седнеме да се договориме“ за зголемување на платите.

-Но, кога немате апсолутно никакво разбирање од спротивната страна, кога едните велат „договорете се вие со работодавачите“, а работодавачите ви велат „како да се договориме ние се вас“ и тоа е еден круг што е на штета на 167 илјади вработени во државата, вели Трендафилов.

Според него, најголеми виновници се креаторите на политиките, работодавачите и Парламентот и тие треба да им објаснат на работниците зошто дозволуваат тоа да се случи.

-Ако имате 510 илјади работници во државата, наспроти 60 илјади работодавачи, кои патем не сите имаат проблем со исплаќање на платата на работниците. Од таа гледна точка, сметаме дека со незголемувањето на минималната плата и неприфаќање на предлогот, директно оштетуваат 167 илјади работници во државата кои според УЈП се со примања под 30 илјади денари. Тоа е огромна бројка, една третина од вкупниот број работници во државата, изјави Трендафилов.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Трамп: Ќе воведам економски санкции кон Русија доколку Путин не се согласи на прекин на огнот
Следна Статија Ова е најштетната намирница во историјата на човековата цивилизација и не треба да ја јадете за појадок, тврди д-р Матиќ

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Скок на инфлацијата во САД, цените на нафтата дивеат. „Ова не се памети од 1967 година“

Инфлацијата  во Соединетите Американски Држави се забрза до највисоката стапка за речиси две години минатиот месец, поттикната од зголемувањето на…

April 11, 2026
ЕКОНОМИЈА

Работнички протест на 14 март – синдикатите бараат минималец од 600 евра

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) најави нов голем работнички протест кој ќе се одржи на 14 март во Скопје,…

March 7, 2026
ЕКОНОМИЈА

ЕСМ бара поскапување на парното греење во Скопје

ЕСМ до Регулаторната комисија за енергетика поднесе барање за промена на максималниот регулиран приход и цена за 2024 година за…

January 28, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Точно се определени начините како можат да се трошат средствата обезбедени преку кредитната линија од Унгарија

Средствата обезбедени преку кредитните линии од Унгарија се трошат наменски. Владата има донесено уредба со која точно се дефинирани начините…

February 26, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?