Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Цената на златото расте со години, што нè чека во иднина?
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Цената на златото расте со години, што нè чека во иднина?
ЕКОНОМИЈА

Цената на златото расте со години, што нè чека во иднина?

Објавено October 20, 2025 09:08
Сподели
Сподели

Повторно, се соборуваат историски рекорди кога станува збор за цената на златото. Една унца злато моментално чини повеќе од 3.200 долари, додека само пред пет години чинеше околу 1.600 долари.

Тоа е зголемување на цената од дури 100% во релативно краток период.

Ваквиот пораст на цената, во последниве години им донесе значителен профит на инвеститорите во злато. Сепак, многумина оправдано се прашуваат дали е сè уште добро време да се инвестира во жолтиот благороден метал или цената во моментов е превисока.

Цената на златото расте во несигурно време

Пандемијата на коронавирус и затворањето на економиите, сеприсутната висока инфлација, трговските војни меѓу САД и Кина и отворените геополитички конфликти меѓу најсилните држави во светот – сите овие се фактори што придонесоа за зголемена побарувачка за златни прачки и златни монети. Бидејќи се работи за стока на берзата, зголемената побарувачка директно води до зголемување на цената.

Дали цената на златото ќе продолжи да расте во иднина?

Додека оние кои веќе инвестирале во злато го бројат својот профит, оние кои само планираат да го сторат тоа, се прашуваат дали треба да почекаат цената да падне или дали сега е добро време за инвестирање. Иако на почетокот може да изгледа дека златото во моментов е прескапо, експертите предупредуваат дека тоа не значи дека нема да биде уште поскапо во иднина.

Во инвестирањето постои изрека дека со чекање цената да падне, се губи повеќе профит, отколку што се губи при пад на цената. Таков е случајот и со златото. Инвеститорите веруваат дека златото е исклучиво долгорочна инвестиција, а краткорочните осцилации во цената не се вани бидејќи таа постојано ги руши претходните рекорди и таквиот тренд ќе продолжи во иднина.

Цената на златото се зголеми за повеќе од 20% од почетокот на оваа година, а главната причина за овој раст е поврзана со падот на довербата во американскиот долар и намалувањето на каматните стапки од страна на американскиот Федерален резервен систем. Таквата монетарна средина историски е плодна почва за раст на цената на златото, и токму затоа аналитичарите на Голдман Сакс најавија дека, во случај на пад на довербата во Федералниот резервен систем, цената на една унца злато може да скокне на 5.000 долари. За споредба, моментално е околу 3.700 долари.

Доколку овој раст се оствари, тоа би значело дека инвеститорите во злато ги очекува уште еден поволен период. Колкав ќе биде растот и колку брзо ќе дојде, времето ќе покаже.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија 32 градоначалници за ВМРО-ДПМНЕ во првиот круг, СДСМ доби три
Следна Статија (Видео) Навивачи нападнаа автобус во Италија: загина возачот кој бил удрен со тула

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Збогум на неуредните електрични разводни кутии: Елегантно решение за среден простор

Заборавете ги густите жици. D-Line кутијата за управување со кабли е стилско и безбедно решение за скривање на електричните разводни…

January 13, 2026
ЕКОНОМИЈА

(ВИДЕО) Мицкоски: Изградба на секундарна мрежа на гас и топловодна мрежа која ќе стигне до домаќинствата по исклучително поволни услови

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски денес во Владата оствари продуктивна средба со раководството на Казанчи Холдинг групацијата, која преку своите…

February 25, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Цената на храната е зголемена под еден отсто

- Цената на храната е зголемена под 1 отсто во април во споредба со март 2026 година, покажуваат анализите на…

May 6, 2026
ЕКОНОМИЈА

Николоски со поддршка за протестот на превозниците: Ова е едно навремено предупредување, постојат три решенија

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денес беше присутен на ГП Блаце, по најавата на транспортните…

January 26, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?