Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: 32 градоначалници за ВМРО-ДПМНЕ во првиот круг, СДСМ доби три
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > 32 градоначалници за ВМРО-ДПМНЕ во првиот круг, СДСМ доби три
МАКЕДОНИЈА

32 градоначалници за ВМРО-ДПМНЕ во првиот круг, СДСМ доби три

Објавено October 20, 2025 09:03
Сподели
Сподели

На вчерашните локални избори градоначалник во првиот круг е избран во 44 општини, покажуваат првичните неофицијални резултати од Државната изборна комисија (ДИК). Најголем дел од нив се кандидати на владејачката ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, која, според обработени 99,94 отсто од гласачките ливчиња на 3.472 од вкупно 3.474 избирачки места, освои градоначалнички места во 32 општини.

Од останатите партии, СДСМ победил во три општини, коалицијата ВЛЕН во пет, додека коалицијата „Национална алијанса за интеграција“ (НАИ) предводена од ДУИ во четири општини.

Победи на ВМРО-ДПМНЕ во 32 општини

Кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во првиот круг добија градоначалнички мандати во:
Берово, Битола, Босилово, Бутел, Василево, Вевчани, Велес, Гази Баба, Гевгелија, Ѓорче Петров, Градско, Делчево, Демир Хисар, Зелениково, Илинден, Јегуновце, Кавадарци, Карбинци, Кисела Вода, Кратово, Новаци, Ново Село, Охрид, Петровец, Пехчево, Прилеп, Радовиш, Ресен, Свети Николе, Сопиште, Струмица и Штип.
Во Старо Нагоричане кандидатот на партијата е на границата со 50 проценти од гласовите, па резултатот таму останува неизвесен.

Победи на другите партии

СДСМ освои градоначалнички места во Богданци, Крива Паланка и Кривогаштани.

ВЛЕН во Арачиново, Желино, Сарај, Чаир и Теарце.

НАИ (ДУИ) во Гостивар, Липково, Пласница и Чашка.

Изборите не успеаја во три општини

Во Центар Жупа, Врапчиште и Маврово Ростуше изборите ќе треба да се повторат, бидејќи не излегла најмалку една третина од запишаните избирачи, како што пропишува Изборниот законик.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Зеленски: Украина нема ништо да му даде на агресорот и нема ништо да заборави
Следна Статија Цената на златото расте со години, што нè чека во иднина?

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

На истражните органи им е предадена целата медицинска документација за пожарот во Кочани

На истражните органи им е предадена целата медицинска документација што ја побараа за пожарот во Кочани. Понатаму што прават, ниту…

March 29, 2025
МАКЕДОНИЈА

Нашите туристички организации бараат одложување на EES системот на грчките граници за македонските државјани

Туристичката комора при Сојузот на стопански комори на Македонија (ССКМ) официјално упати барање до Министерството за туризам на Република Грција…

April 23, 2026
МАКЕДОНИЈА

Љутков: Со враќањето на Пчињското евангелие во Охрид сведочиме на победа на трудот, знаењето и љубовта кон културното наследство на својата земја

По повод враќањето на вредното Пчињското изборно евангелие од 16 век во депото на Националната установа Библиотека „Григор Прличев“во Охрид…

October 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

Отчет за сработеното во првата година на Владата

Отчет за сработеното во првата година на Владата ќе одржат вечерва владините претставници во Скопје. Премиерот Христијан Мицкоски вчера на…

June 23, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?