Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: За 15 дена регистрирани над 15.300 земјотреси меѓу островите Санторини и Аморгос
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > За 15 дена регистрирани над 15.300 земјотреси меѓу островите Санторини и Аморгос
БАЛКАН

За 15 дена регистрирани над 15.300 земјотреси меѓу островите Санторини и Аморгос

Објавено February 13, 2025 09:32
Сподели
Сподели

Жителите на Санторини и околните острови поминаа релативно мирна ноќ во споредба со изминатите денови, со оглед на тоа што не беа регистрирани голем број земјотреси и имаше само два со јачина од 4,2 степени, додека пак за 15 дена во морскиот дел меѓу Санторини и Аморгос имало над 15.300 земјотреси, јави дописничката на МИА од Атина.

Сеизмологот Димитрис Папаниколау за грчката телевизија „Антена“ утрово посочи дека не треба да „залажува“ синоќешната блага сеизмичка активност, „бидејќи земјотресите ќе продолжат уште долго и ќе имаме земјотреси над 5 степени според Рихтер“.

Грчките сеизмолози во изминатите денови истакнуваат дека конкретната појава може да трае со недели, па дури и месеци, а категорично ја отфрлаат можноста за активирање на вулканот кај Санторини.

Според податоците од Интердисциплинарен комитет за управување со опасности и кризи при Атинскиот Универзитет од почетокот на серијата земјотреси во морскиот дел меѓу Санторини и Аморгос, односно од 26 јануари заклучно со 10 февруари, биле регистрирани над 15.300 земјотреси, од кои над 13.200 биле посилни од 1 степен.

Во понеделникот, на 10 февруари имало над 1.200 земјотреси, од кои над 240 биле посилни од 2,5 степени.

Со оглед на тоа што земјотресите интензивно се чувствуваат и на Аморгос што е во близина на епицентарот, со одлука на генералниот секретар за цивилна заштита на островот е прогласена вонредна состојба, нешто што беше одлучено и за Санторини минатата седмица.

Училиштата на Санторини, Иос, Аморгос и Анафи, поради земјотресите веќе втора недела се затворени.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ЛДП: Предлагаме поставување на рисот како консензуално решение за новиот државен грб
Следна Статија Kaj 22-годишна девојка пронајдени три кеси марихуана | ВИДЕО

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Грција воведува социјални станови за справување со станбената криза

Грчката влада најави две нови мерки за ублажување на една од најтешките станбени кризи во Европа — воведување социјален наем…

October 23, 2025
БАЛКАН

Во Србија денеска генерален штрајк на кој повикаа студентите

Во Србија денеска почнува генерален штрајк или „општа граѓанска непослушност“, на кој граѓаните ги повикаа студентите што организираат блокада. „Не…

January 24, 2025
БАЛКАН

12 жртви во масовното убиство во Цетиње, убиецот починал на пат кон болница

Бројката на жртви од масакрот во црногорскиот град Цетиње се искачи на 12, откако починаа и две лица во болница.…

January 2, 2025
БАЛКАН

Во Софија илјадници луѓе оддадоа почит кон загинатите во Кочани

Неколку илјади луѓе синоќа со едноминутно молчење во центарот на Софија, оддадоа почит кон жртвите од трагедијата во Кочани. Тие…

March 20, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?