Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Грција воведува социјални станови за справување со станбената криза
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Грција воведува социјални станови за справување со станбената криза
БАЛКАН

Грција воведува социјални станови за справување со станбената криза

Објавено October 23, 2025 09:12
Сподели
Сподели

Грчката влада најави две нови мерки за ублажување на една од најтешките станбени кризи во Европа — воведување социјален наем и социјални станови.

Министерката за социјална кохезија и семејство Домна Михаилиду изјави дека проектите ќе се базираат на користење на запуштени државни имоти, меѓу кои и поранешни воени кампови во Атина, Солун и Патра, каде ќе се изградат 1.500–1.700 станови за домаќинства со средни приходи.

Втората мерка предвидува јавнo-приватно партнерство: приватните инвеститори ќе ги обновуваат напуштените јавни згради, а на државата ќе ѝ препуштаат најмалку 30 отсто од новите станови.

Иако мерките се оценети како позитивен чекор, експертите предупредуваат на бавни административни постапки и сложеност на имотните односи, што може да го успори процесот.

Според анализата на платформата „Просперити“ просечната цена на недвижнините во Грција достигнува 300.000 евра, додека новоградбите се достапни само за висока класа. Стапката на сопственост паднала за 12 отсто, а младите сѐ потешко доаѓаат до свој дом.

„Просперити“ предлага дополнителни решенија — наем со можност за купување, државни гаранции и даночни олеснувања, како и попрогресивен данок за празни станови и создавање национална база на податоци за недвижнини.

Како што вели Антониос Маркопулос од „Просперити“: „Клучот за стабилизирање на пазарот е транспарентност.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Влатко Стефановски му го подари албумот „London Sessions“ на кралот Чарлс во Лондон
Следна Статија Роман Абрамович подготвен да го купи Галатасарај

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Србија врати 200 свои граѓани од Дубаи

Во тек е процесот на евакуација на српски државјани од Блискиот Исток, а првиот авион со 200 граѓани полета синоќа…

March 3, 2026
БАЛКАН

(ВИДЕО) Магариња пред Собранието во Косово

Приштинскиот адвокат Арианит Кочи денес донесе четири магариња пред Собранието на Косово, протестирајќи против блокирањето на конституирањето на парламентот. Кочи…

July 3, 2025
БАЛКАН

Излезна анкета: Милановиќ освои 51,48 отсто од гласовите

Хрватските телевизии ги објавија резултатите од првите излезни анкети спроведени од Ипсос. Според излезните анкети, актуелниот претседател и кандидат на…

December 29, 2024
БАЛКАН

Ликвидиран припадник на Шкаљарскиот клан во Подгорица – убиен со осум куршуми во кафуле

Во вооружен напад што се случи ноќеска во Подгорица, убиен е Иван Милачиќ, припадник на Шкаљарскиот клан, а уште едно…

July 20, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?