Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: “Здрава котлина” со остра реакција на одлуката на Вишиот управен суд за Иловица: Отворивте војна со народот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > “Здрава котлина” со остра реакција на одлуката на Вишиот управен суд за Иловица: Отворивте војна со народот
МАКЕДОНИЈА

“Здрава котлина” со остра реакција на одлуката на Вишиот управен суд за Иловица: Отворивте војна со народот

Објавено June 24, 2026 14:58
Сподели
Сподели

Граѓанската иницијатива „Здрава Котлина“ остро реагираше на одлуката на Вишиот управен суд со која се поништува одлуката за престанок на важноста на спојувањето на концесиите за рудникот Иловица, оценувајќи дека пресудата е донесена без соодветно образложение.

Во соопштение со наслов „Баравте војна – си добивте војна“, од иницијативата тврдат дека судот донел одлука „со никакво штуро образложение“ и посочуваат дека во пресудата, според нивното толкување, предметот повторно се враќа на одлучување во Владата.

Од „Здрава Котлина“ ја обвинуваат Владата дека не ја искористила можноста да поднесе приговор и дека дозволила да истечат роковите, а притоа сега се повикува на почитување на законите.

Во реакцијата повторно ги наведуваат своите долгогодишни забелешки за проектот Иловица, меѓу кои, како што велат, се поминати рокови, заложување на концесијата како колатерал, условите за експлоатација на рудата, користењето вода од браната Турија, како и потенцијалните еколошки последици од рударските активности.

Активистите поставуваат и прашања за најавените измени на Законот за минерални суровини и ги потсетуваат политичките чинители на ставовите и ветувањата што ги давале во периодот 2023–2024 година, кога се организираа протести против отворањето на рудникот.

„Нема да копате, а отворивте војна со народот“, порачуваат од „Здрава Котлина“, најавувајќи продолжување на отпорот против реализацијата на проектот.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Талески за Тошковски: Од „брат да ми е ќе одговара“, две години никој не одговара
Следна Статија Бугарија сега бара да прифатиме дека Јане Сандански и Гоце Делчев се Бугари

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Савески ќе ги повлече сите овласувања на обвинителствата освен за Кочани, Крива Паланка и Ресен

Државниот јавен обвинител Ненад Савески денеска на брифинг со новинарите најави дека од утре ќе изврши целосно повлекување на сите…

March 31, 2026
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Нема никогаш да видите лице, ниту, пак, да слушнете и прочитате име на пациент кој сум го посетил, не го правам тоа за П.Р.

И вчера и денеска посетив пациенти повредени во пожарот во клубот „Пулс“ во Кочани и ги запазив сите протоколи кои…

March 18, 2025
BlogЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈАПОЛИТИКА

Илон Маск сака да инвестира во Аргентина преку своите компании

Извршниот директор на производителот на електрични автомобили Тесла, Илон Маск, на социјалната мрежа Х (Твитер) објави дека сака преку своите…

September 24, 2024
МАКЕДОНИЈА

Игор Џамбазов го пречека единственото прваче во училиштето во Маврови Анови (ВИДЕО)

Уличишното ѕвонче во основното училиште ,,Денче Дејаноски” заѕвони само за едно прваче. Основното училиште ,,Денче Дејаноски” е основано во 1957…

September 2, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?