Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Злато за Алексиј Тасиќ, сребро за Дамјан Давков на светската олимпијада по математика во Австралија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Злато за Алексиј Тасиќ, сребро за Дамјан Давков на светската олимпијада по математика во Австралија
МАКЕДОНИЈА

Злато за Алексиј Тасиќ, сребро за Дамјан Давков на светската олимпијада по математика во Австралија

Објавено July 19, 2025 09:11
Сподели
Сподели

Златен медал за Македонија освои Алексиј Тасиќ, а сребрен – Дамјан Давков на 66. Интернационална олимпијада по математика што се одржува во Саншајн Коуст, Квинсленд во Австралија.

Како што соопшти Сојузот на математичари (СММ), меѓу 630 учесници од 110 држави, Алексиј Тасиќ го освои златниот медал со 35 поени, што претставува само трет златен медал за Македонија во 33-годишното учество на ИМО како независна држава.

Освен златото, македонскиот тим освои и сребро и три пофалници:

  • Дамјан Давков – сребрен медал (30 поени)
  • Ивано Божиновски – пофалница (18 поени)
  • Леонид Тодороски – пофалница (15 поени)
  • Марко Серафимовски – пофалница (14 поени)

Шестчлената репрезентација, во чиј состав беше и Бранко Јангеловски, беше предводена од менторите Илија Јовчески и Мирко Петрушевски, под организација на СММ. Тимот претходно помина едномесечни интензивни подготовки од 11 јуни до 11 јули, вклучувајќи напредни теми од алгебра, комбинаторика, геометрија и теорија на броеви.

Алексиј Тасиќ, кој со златниот медал ја заокружува својата четиригодишна олимписка кариера (со претходно освоени сребро, бронза и пофалница), сега е вториот најуспешен македонски математичар во историјата на ИМО и член на светската математичка елита.

Со освоените поени, Македонија се пласираше на 29 место во вкупниот пласман, зад себе оставајќи голем број поголеми и поподготвени екипи.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Најголем трансфер во историјата на српскиот фудбал, Арнаутовиќ потпишува за Црвена ѕвезда!
Следна Статија Словенија легализираше потпомогнато самоубиство

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

МВР: Одобрувања за патување на деца ќе се издаваат и во сабота

Од МВР ги информираат граѓаните дека ,,Одобрение за патување во странство за малолетни деца”, ќе се издава секој ден од…

May 31, 2026
МАКЕДОНИЈА

Mицкоски: Очекувам редовни парламенарни избори во 2028 година, но сме подготвени и за предвремени

По конгресот на ВМРО-ДПМНЕ, претседателот на партијата и премиер Христијан Мицкоски најави промени во раководството до првата половина на април,…

December 10, 2025
МАКЕДОНИЈА

33 години од усвојувањето на првото македонско државно знаме и химната на Македонија

На 11 август 1992 година со одлука на Собранието на Република Македонија беше усвоено првото македонско државно национално знаме. Ѕвезда…

August 11, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мито од 50.000 евра за ИПАРД фондови: ОЈО поднесе обвинение против бизнисмен и функционери од Агенцијата за плаќања

По спроведена истражна постапка, јавен обвинител од ОЈО ГОКК денеска до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против едно…

February 2, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?