Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ЗНАМ: Навредите од Миленко Неделковски кон Весна Бендевска и Каролина Гочева се недостојни, мизогини и неприфатливи
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > ЗНАМ: Навредите од Миленко Неделковски кон Весна Бендевска и Каролина Гочева се недостојни, мизогини и неприфатливи
ПОЛИТИКА

ЗНАМ: Навредите од Миленко Неделковски кон Весна Бендевска и Каролина Гочева се недостојни, мизогини и неприфатливи

Објавено May 17, 2026 19:01
Сподели
Сподели

Движењето ЗНАМ за Наша Македонија остро реагираше на јавните навреди упатени од Миленко Неделковски кон потпретседателката на Собранието и потпретседателка на партијата, Весна Бендевска, како и кон естрадната уметничка Каролина Гочева, оценувајќи ги како недостојни, мизогини и неприфатливи.

Во реакцијата, во име на претседателот Максим Димитриевски, раководството и членството на партијата, ЗНАМ упати искрени честитки до фудбалерите, стручниот штаб и навивачите на ФК Вардар за освоената шампионска титула, оценувајќи дека клубот е „национална гордост, институција и симбол на главниот град“.

Сепак, од партијата велат дека големиот спортски успех бил засенет од, како што наведуваат, „срамниот и недостоен испад на поединец поврзан со раководството на клубот“.

ЗНАМ остро го осуди, како што наведуваат, „мизогиниот и сексистички напад“ врз Весна Бендевска, оценувајќи дека ваквиот говор претставува директен напад врз достоинството на жените и го труе јавниот простор со омраза.

„Тоа е однесување кое е неспоиво со вредностите на спортот, почитта и културата што треба да ги негува еден клуб од рангот на Вардар“, се наведува во реакцијата.

Од Движењето побараа раководството на ФК Вардар итно да се огради од ваквото однесување, оценувајќи дека толеранцијата кон вакви појави придонесува за нивна нормализација во општеството.

Партијата порача дека и понатаму ќе застанува во заштита на човековите права, достоинството и еднаквоста на сите граѓани.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Нов инфраструктурен проект – експресен пат Кочани–Виница–Делчево
Следна Статија АСОМ: Никогаш не сме биле дел од процесот на изработка на новиот предлог закон

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

ДУИ: Упатуваме апел до Премиерот да ги прекине заканите

Премиерот на нелегитимната влада денес повторно јавно се закани на политичката активност на политичките партии, злоупотребувајќи ги државните институции за…

December 8, 2024
ПОЛИТИКА

(ВИДЕО) Филипче: Оваа Влада ги уништи оризопроизводителите

Оризот скапува по амбарите, оваа Влада ги уништи оризопроизводителите, обвини лидерот на СДСМ, Венко Филипче во изјава за медиумите. Половина…

July 12, 2026
ПОЛИТИКА

ВЛЕН тврди дека Рамадани не користел говор на омраза

Во нашата кампања, ниту еден кандидат не користел говор на омраза, туку зборувал за патишта, училишта, водовод, економски развој, за…

October 26, 2025
ПОЛИТИКА

Фон Дер Лајен: Проширувањето ќе остане врвен пориоритет на Европската комисија во следните пет години

Ние имаме јасна цел, а тоа е да се отвори кластерот фундаментални вредности што е можно поскоро. Речиси сме таму,…

October 24, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?