Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: АСОМ: Никогаш не сме биле дел од процесот на изработка на новиот предлог закон
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > АСОМ: Никогаш не сме биле дел од процесот на изработка на новиот предлог закон
ЕКОНОМИЈА

АСОМ: Никогаш не сме биле дел од процесот на изработка на новиот предлог закон

Објавено May 17, 2026 19:04
Сподели
Сподели

„Неразбирливо е како Владата по секоја цена се обидува да донесе закон што ќе има низа негативни последици врз граѓаните и општеството. Овој закон нема да реши ниту еден проблем, туку ќе создаде огромни нови проблеми. Со него, де факто, се затвораат легалните игри на среќа и широко се отвора вратата за нелегално обложување по подруми, со што државата се враќа во деведесеттите години.

Со затворањето на легалните објекти ќе почне да царува криминалот и нелегалното обложување, што ќе претставува огромен ризик за граѓаните и играчите. Ова веќе се случи во Албанија, а истото ќе се случи и кај нас.

Понатаму, 10.000 лица директно вработени во индустријата ќе останат без работа, а уште 50.000 индиректно поврзани работни места ќе бидат загрозени. Повеќе од 800 деловни објекти под закуп ќе останат без закупци. Во буџетот ќе недостигаат над 280 милиони евра по различни основи.

Целта на овој закон не е заштита на играчите и граѓаните, туку обезбедување монопол на власта во овој сектор. Ние, како приредувачи на игри на среќа, нема да го дозволиме тоа. Најавуваме масовни протести и целосно ќе ја изнесеме вистината пред јавноста.

Жално е што ниту една институција не се обиде да организира јавна дебата, ниту се одважи да се соочи со нас и да ги слушне аргументите. Не е точна изјавата дека сме биле повикани или дека законот бил подготвуван низ широк консултативен процес. Напротив, законот е целосно изготвен без каква било консултација со нас.

Нашиот став е дека е потребен европски закон кој вистински ќе ги штити играчите, ќе го либерализира пазарот на онлајн обложување и ќе обезбеди соодветна заштита и едукација на играчите. За тоа сме подготвени да разговараме, а ваков закон сме понудиле повеќепати и во минатото.

Во наш интерес, како Асоцијација, е да имаме долгорочно и одржливо решение што ќе биде во интерес и на граѓаните и на индустријата. Тоа би требало да биде интерес и на институциите. Сè друго отвора сомнеж дека зад овој закон стојат политички интереси, за што нема да молчиме“ – стои во соопштението од Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ).

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ЗНАМ: Навредите од Миленко Неделковски кон Весна Бендевска и Каролина Гочева се недостојни, мизогини и неприфатливи
Следна Статија „Рајанер“ бара невозможни услови, па затоа го нема во Македонија, вели Николоски

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Екипите на ДПИ на терен, се вршат контроли на цените на производите

Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) е на терен и врши контроли со цел да утврди како се движеле цените на основните…

December 25, 2024
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски најави две нови инвестиции до крајот на месецот и 500 нови работни места

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека очекува до крајот на месецот да има две нови инвестиции. Едната, како што појасни, ќе…

November 16, 2024
ЕКОНОМИЈА

Околу 1.000 фирми се затвориле во првите три месеци во оваа година

Лош старт на годинава за некои бизниси. Иако, во првите три месеци се отвориле над 1.900 фирми, во истиот период…

April 21, 2025
ЕКОНОМИЈА

Нема потреба од создавање паника, има залихи нафта, вели Димитриеска-Кочоска

Апсолутно состојбата е во ред и ние ја следиме. Нема никаков проблем и нема потреба од создавање паника кај граѓаните…

March 6, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?