Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ристески: Од 1 јануари нова просечна потрошувачка кошничка
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Ристески: Од 1 јануари нова просечна потрошувачка кошничка
ЕКОНОМИЈА

Ристески: Од 1 јануари нова просечна потрошувачка кошничка

Објавено December 17, 2025 17:06
Сподели
Сподели

Од 1 јануари Владата ќе воведе пресметка на просечна потрошувачка кошничка за најмалку четиричлено семејство, најави заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески. Покрај синдикалната минимална кошничка, новата пресметка ќе служи како основа за креирање економски политики и зачувување на животниот стандард.

Како што посочи Ристески, темата ќе биде разгледана на седница на Економско-социјалниот совет закажана за 22 декември, каде синдикатите и работодавачите ќе имаат можност да дадат мислење за предложениот модел.

Просечната потрошувачка кошничка ќе се пресметува врз основа на цените во најголемите супермаркети, основните прехранбени производи и регионалните разлики, при што ќе се земаат предвид и сезонските карактеристики на овошјето и зеленчукот.

Ристески најави дека во иднина ќе се изработуваат и други кошнички – за двочлено и трочлено семејство, како и за пензионери.

Во однос на минималната плата, тој истакна дека зголемувањето согласно Законот треба да се случи до крајот на март 2026 година и да изнесува од 1.700 до 2.000 денари, но Владата е отворена за евентуални измени доколку синдикатите и работодавачите постигнат договор за нова формула.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Утврдена причината за смртта на новороденчето од Арачиново: Колабирано белодробно крило и тешка респираторна слабост
Следна Статија Мицкоски од Брисел: Ние одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но не сме дел од неа поради вештачки причини

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Ќе има ДДВ за пратките од „Тему“ и „АлиЕкспрес“, од власта уверуваат дека нама да има дополнителни трошоци

Собранието ги усвои измените и дополнувањата на Законот за данок на додадена вредност, со кои се укинува досегашното ослободување од…

November 19, 2025
ЕКОНОМИЈА

Стартува зимскиот ред на летање на аеродромите во Скопје и Охрид

Викендов стапува во сила зимскиот распоред на летови за 2025/26 година. Од Меѓународниот Аеродром Скопјe ќе има поврзување до 49…

October 26, 2025
ЕКОНОМИЈА

УЈП со рекордна наплата во јули: Наплатени 37,4 милиони евра повеќе од лани

Во јули 2025 година, Управата за јавни приходи оствари значителен раст на наплатата по основ на даноци и социјални придонеси…

August 4, 2025
ЕКОНОМИЈА

Купувачи на домови користат големи намалувања на цените

Сезоната на попусти е овде, а купувачите на домови низ САД ги искористуваат рекордните намалувања на цените.

December 1, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?