Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски од Брисел: Ние одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но не сме дел од неа поради вештачки причини
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски од Брисел: Ние одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но не сме дел од неа поради вештачки причини
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски од Брисел: Ние одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но не сме дел од неа поради вештачки причини

Објавено December 17, 2025 20:14
Сподели
Сподели

Добро е кога Западниот Балкан е во оптиката на Европската Унија и тоа е охрабрувачки и за граѓаните од регионот, затоа што на тој начин се покажува интересот за нашата заедничка иднина, изјави вечерва премиерот Христијан Мицкоски при пристигнувањето на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Брисел.

Западниот Балкан, посочи премиерот, географски припаѓа на Европа и логично е тој да се интегрира во рамките на Европската Унија.

– Ние како држава тоа го заслуживме многу одамна, бидејќи нашиот пат започна пред 25 години, но поради, би рекол, вештачи причини сè уште не можеме да бидеме дел од европското семејство, истакна Мицкоски.

Тој нагласи дека државата и Владата се обврзуваат да го испорачаат сето она што е потребно во пристапниот процес кон ЕУ, но не поради самиот процес, туку, пред сè, поради македонските граѓани, бидејќи тие го заслужуваат тоа.

– Така работиме до сега, така ќе продолжиме и понатаму. Очекуваме дека билатералните прашања нема да бидат наша пречка, туку напротив од нашите соседи очекуваме поддршка во оваа наша амбиција да бидеме дел од Европската Унија. И она што е најважно, е да бидеме оценувани според постигнувањата, а не според билатералните прашања, додаде премиерот Мицкоски.

На Самитот лидерите на земјите членки од Унијата и од државите од Западниот Балкан расправаат за меѓусебното стратешко партнерство, постепената интеграција на регионот во ЕУ, Планот за раст, како и за надворешните работи, безбедноста и одбраната.

Како што се наведува во најавата на собирот, Самитот претставува можност за демонстрирање и потврда на силата на стратешкиот однос меѓу Унијата и регионот и на придобивките што тој ги носи за граѓаните.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ристески: Од 1 јануари нова просечна потрошувачка кошничка
Следна Статија Европскиот парламент донесе одлука за целосна забрана на увоз на руски гас

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Пресудата за возачот кој ја прегази Теодора на увид пред Судскиот совет

Судскиот совет ќе изврши увид во предметот за пресудата за 22-годишната Теодора Ристевска, која беше прегазена во сообраќајна несреќа во…

April 9, 2025
МАКЕДОНИЈА

САМО ВО МАКЕДОНИЈА: Ване Цветанов се луксузирал на сметка на државата, а си ја ангажирал и вереницата за надворешен соработник

Поранешен претседател на Советот за унапредување и надзор на ревизијата е обвинет дека за една година , од 2021 до…

July 23, 2025
МАКЕДОНИЈА

Газда Деко: Зарем сериозно мислите дека ако знаев дека фали нешто, не би презел сѐ?

Првообвинетиот сопственик на клубот „Пулс“, Дејан Јованов – Деко, денеска за првпат говореше пред судот и пред семејствата на загинатите…

December 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

Вилијам Секл и Јовче Ременски го наместиле и „Кралот на местенките“ Христијан Илиевски од Хрватска со лажни дојави од АНБ

Жртва на лаги и на измислици во извештаите на Агенцијата за национална безбедност (АНБ), за кои бруи јавноста по обелоденувањето…

September 3, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?