Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: 17.000 повеќе вработени и намалена невработеност
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > 17.000 повеќе вработени и намалена невработеност
ЕКОНОМИЈА

17.000 повеќе вработени и намалена невработеност

Објавено June 19, 2026 13:43
Сподели
Сподели
Бројките потврдуваат – близу 17.000 повеќе вработени лица и намалена невработеност, пишува во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ – интегрален текст од прес-конференција на пратеникот Бојан Стојаноски.Официјалните податоци за пазарот на трудот потврдуваат дека економските политики на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ даваат конкретни и мерливи резултати.
Во првото тримесечје од 2026 година во Македонија има 707.385 вработени лица, наспроти 691.736 вработени во второто тримесечје од 2024 година.Тоа значи дека денеска во Македонија има близу 17.000 повеќе вработени лица.Истовремено, стапката на невработеност е намалена од 12,5 на 11,3 проценти, додека пак стапката на вработеност е зголемена од 45,6 на 46,5 проценти.
Ова не се политички процени, туку официјални податоци од Државниот завод за статистика.
Бројките јасно покажуваат дека Македонија се движи во позитивна насока. Се зголемува бројот на вработени, се намалува невработеноста и се создаваат нови можности за младите, за невработените лица и за сите граѓани што сакаат да започнат сопствен бизнис.Овие резултати не се случајни. Тие се поддржани со активни политики на пазарот на трудот, со конкретна поддршка на домашните компании, со привлекување на нови инвестиции и со мерки насочени кон отворање одржливи работни места.
Оперативниот план за вработување за 2026 година е вреден речиси 40 милиони евра и предвидува опфат на повеќе од 10.000 лица.Од вкупниот износ, повеќе од 32 милиони евра се директно наменети за мерки за создавање нови работни места.Посебен акцент е ставен на младите. Со Оперативниот план е предвидено вклучување на речиси 6.000 лица до 29 години.За околу 3.500 млади лица до 23 години, вработени во производствените капацитети, е предвиден младински додаток во износ од 3.000 денари.
Преку обуки, практикантства, преквалификации и мерки за стекнување на нови вештини, младите ќе добијат поголеми можности за полесно вклучување на пазарот на трудот и стекнување на квалификации коишто ги бара македонската економија.Преку мерката за самовработување и претприемништво се очекува отворање на повеќе од 2.000 работни места.Преку мерката за поддршка за креирање нови работни места треба да бидат опфатени уште повеќе од 1.500 лица.Само преку овие две мерки се обезбедува директна поддршка за повеќе од 3.500 нови вработувања.Позитивни резултати дадоа и мерките спроведени во 2025 година. Преку Програмата за самовработување со грант беа поддржани повеќе од 2.600 лица, од кои речиси 1.500 беа млади до 29 години. Како резултат на оваа поддршка беа отворени околу 2.200 нови деловни субјекти.Тоа значи дека државата не обезбедува само привремена помош, туку создава услови граѓаните да основаат сопствени бизниси, да создадат работно место за себе, а во иднина да вработуваат и други лица.Нашата цел не е само статистичко намалување на невработеноста. Нашата цел е создавање одржливи, продуктивни и подобро платени работни места.Затоа продолжуваме со поддршка на младите, долгорочно невработените, жените, лицата што потешко се вклучуваат во пазарот на трудот, домашните компании и малите и средните претпријатија.Продолжуваме со поддршка на претприемништвото, стекнување практични вештини и подобро поврзување на образованието со реалните потреби на компаниите.Не велиме дека сите проблеми се решени. Потребни се уште р
Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Познат распоредот за новата сезона во Премиер лигата
Следна Статија Николоски: Со големи инфраструктурни проекти ќе ја направиме Македонија значително подобро место за живеење

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Азиските акции растат додека технолошкиот сектор се опоравува од загубите поврзани со вештачката интелигенција

Технолошкиот сектор бележи позитивни придвижувања, особено во Јапонија

February 19, 2026
ЕКОНОМИЈА

Македонците најмногу трошат на храна, пијалаци и тутун

Прометот во малопродажбата во Македонија бележи сериозен раст – особено кај трговијата со храна, пијалаци и тутун, објави Државниот завод…

August 3, 2025
ЕКОНОМИЈА

Скенирате фискални? Еве кога ќе почне исплатата на „Мој ДДВ“

Исплатата на повратот на ДДВ за скенираните фискални сметки од вториот квартал 2025 година (април–мај–јуни) ќе биде целосно реализирана најдоцна…

August 17, 2025
ЕКОНОМИЈА

Со банките е договорена каматна стапка од 1,95 проценти за унгарскиот кредит, најави Мицкоски

Од неколку од банките веќе имаме потврда и очекувам најголем дел од нив да застанат зад проектот и конечно 250-те…

November 24, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?