Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Цената на становите во Скопје достигна фантастични 3000 евра за метар квадратен
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Цената на становите во Скопје достигна фантастични 3000 евра за метар квадратен
ЕКОНОМИЈА

Цената на становите во Скопје достигна фантастични 3000 евра за метар квадратен

Објавено December 11, 2024 14:40
Сподели
Сподели

Цената на становите во Скопје достигна фантастични 3000 евра за метар квадратен. Ова според градежниците е сосема норманално зошто според нив се додека има интерес ќе расте и цената со можност за нејзино стабилизирање но не и намалување.

Од ССМ велат дека не ги оправдуваат овие цени на становите посебно не во Скопје зошто на овој начин цените се далеку од реалните и далку од нормалните кои треба да ги има овој пазар. Од ССМ велат дека градежниците манипулираат со цените на становите, но и дека нивните трошоци не се зголемени за 40 отсто за да биде и волку висока цената на квадратот во Скопје.

Неодамна и од Владата најавија дека ќе се обидат да ја спуштат цената на квадратот преку Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор кое ќе почне со изградба но и продажба на згради се со цел да се намали цената. Од Владата се надеваат дека ваквиот потег сериозно ќе го регулира пазарот на недвижности.

Во меѓувреме, официјалните податоци на Државниот завод за статистика велат дека расте бројот на издадени одобренија за градење и тоа за 12 отсто во октомври годинава во однос на истиот период лани. А според податоците од последниот попис во земјава, секој трет стан во Скопје е празен. Овој податок покажува дека и натгаму купувањето на недвижности е еден од најсигурните начини на инвестирање на парите, но до кога тоа ќе биде исплатливо останува да видиме.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Пакетчињата за деца под посебен мониторинг: Се засилуваат инспекциските контроли пред новогодишните празници
Следна Статија Петрушевски: ДУИ повторно поразена, креираа атмосфера на етнички тензии за да заштити криминалци како Груби

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Овошјето станува луксуз, еве за колку поскапело само за една година

Македонија се соочува со повисоки цени. Проблем, недоволното домашно производство. И она што го имаме, нема кој да го работи.…

May 8, 2025
ЕКОНОМИЈА

Од полноќ: Поскапуваат горивата

Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за 1,5 денари, а цената на дизел горивата се зголемува за еден денар по…

April 1, 2025
ЕКОНОМИЈА

„Туркиш ерлајнс“ станува сосопственик на шпанската авиокомпанија „Ер Европа“ за 300 милиони долари

„Туркиш ерлајнс“ во вторникот објави дека „Ер Европа“ ја прифатила нивната понуда од 300 милиони евра за стекнување на малцински…

August 22, 2025
ЕКОНОМИЈА

Ако се утврди драстично зголемување на цените ќе бидат применети мерки кои ќе траат до крај на годинава, најави Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски немал информации дека цените во маркетите се драстично зголемени по завршувањето на мерката за ограничување на маржите.…

May 14, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?