Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Пакетчињата за деца под посебен мониторинг: Се засилуваат инспекциските контроли пред новогодишните празници
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Пакетчињата за деца под посебен мониторинг: Се засилуваат инспекциските контроли пред новогодишните празници
МАКЕДОНИЈА

Пакетчињата за деца под посебен мониторинг: Се засилуваат инспекциските контроли пред новогодишните празници

Објавено December 11, 2024 14:20
Сподели
Сподели

Во пресрет на новогодишните и божиќните празници, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) почнува со спроведување на засилени, вонредни контроли кај операторите со храна.

Со цел заштита на здравјето на најмладата популација потрошувачи – децата, акцент со контролите ставен ќе се стави на новогодишните пакетчиња и нивната безбедност.

Како одговорна институција за безбедноста на храната, заштита на здравјето на граѓаните и нивните права како потрошувачи, АХВ апелира до операторите со храна да бидат одговорни и да не се обидуваат да манипулираат со потрошувачите, особено со новогодишните пакетчиња, во збирното пакување подметнувајќи и небезбедни производи, најчесто со поминат рок на употреба. За ваквите недоследности, граѓаните веќе алармираат до Агенцијата. Со засилените контроли кај операторите со храна ќе се утврдува исполнетоста на општите и посебните услови за безбедност на храната, акцент ќе се стави на означувањето, особено на трајноста на производите и заштита на потрошувачите од измама.

Како одговорна институција апелираме и до граѓаните да бидат одговорни потрошувачи и храна да купуваат од регистрирани/одобрени објекти кои се под контрола на инспекциските служби на АХВ, велат од Агенцијата.

Секоја недоследност во поглед на безбедноста на храната, граѓаните можат да ја пријават во Агенцијата, лично, телефонски, на бесплатниот телефонски број 0800 3 22 22 или електронски на info@fva.gov.mk.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Обвинителството оформи предмет по допрен глас за Груби и судијата Беџети
Следна Статија Цената на становите во Скопје достигна фантастични 3000 евра за метар квадратен

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Агелер: Новите возила претставуваат олицетворение на постојаната поддршка на САД на Македонија

Амбасадорката на САД, Анџела Агелер во своето обраќање на денешното презентирање на оклопните возила JLTV за АРМ,  рече дека од…

August 15, 2025
МАКЕДОНИЈА

МАНУ: Во Македонија постои само една национална академија

Претседателството на МАНУ укажува дека Академијата никогаш не се занимавала и нема да се занимава со дневнополитички расправи и партиски…

October 18, 2024
МАКЕДОНИЈА

Метју Лосон: Половина од нашите инвестиции во целиот Западен Балкан се во Македонија

Стратешкото партнерство и Спогодбата помеѓу владите – што значи за односите помеѓу Британија и Македонија даде свое видување Британискиот амбасадор…

May 19, 2025
МАКЕДОНИЈА

МВР со две нови дигитални услуги на Uslugi.gov.mk

Две нови дигитални услуги на Министерството за внатрешни работи се достапни на националниот портал Uslugi.gov.mk. Министерството за внатрешни работи продолжува…

June 3, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?