Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ЗНМ реагира на однесувањето на новинарот кон министерката Јаневска
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > ЗНМ реагира на однесувањето на новинарот кон министерката Јаневска
МАКЕДОНИЈА

ЗНМ реагира на однесувањето на новинарот кон министерката Јаневска

Објавено March 25, 2026 16:00
Сподели
Сподели

Правото на слободно поставување прашања и критичко известување на новинарите е неотуѓиво и суштинско за функционирањето на едно демократско општество, но ова право подразбира и обврска за доследно почитување на професионалните и етичките стандарди, што не беше случај со последниот настан поврзан со однесувањето на новинарот Невриј Адеми на прес конференцијата на министерката за образование и наука Весна Јаневска во Тетово, случај што Советот на честа при ЗНМ внимателно го следеше и кој истиот отвори јавна дебата во медиумскиот простор.

Имајќи ја предвид улогата на новинарите како носители на јавниот интерес и чувари на демократските вредности, Советот потсетува дека ова право подразбира и обврска за доследно почитување на професионалните и етичките стандарди.

Во конкретниот случај, Советот цени дека начинот на комуникација и тонот на обраќање на новинарот не соодветствуваат со принципите на достоинствен и професионален јавен дискурс. Конкретно, членот 15 од Кодексот на новинарите, вели дека новинарот мора да ја негува културата на говорот и етиката, а непримерната комуникација со јавноста е неспојлива со новинарската професија.

Советот на честа нагласува дека ваквите случаи не придонесуваат за унапредување на довербата во медиумите, ниту за квалитетен јавен дијалог. Оттука, упатуваме апел до сите новинари и медиумски работници да се придржуваат кон највисоките професионални стандарди, да ја негуваат културата на комуникација и да придонесуваат кон градење на взаемна почит во јавниот простор.

Воедно, Советот потсетува дека почитта во односите меѓу носителите на јавни функции и медиумите треба да биде двонасочна, при што институциите имаат обврска да обезбедат услови за непречена и професионална работа на новинарите. Во таа насока, советот укажува и дека овој случај не смее да се користи за дневнополитички цели, ниту за создавање дополнителни тензии и погрешни интерпретации во етнички контекст.

Советот на честа ќе продолжи да ги следи ваквите случаи и, согласно своите надлежности, да реагира во насока на заштита и унапредување на етичките стандарди во новинарството

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Почна судењето за поткупот за ИПАРД фондовите
Следна Статија Судскиот совет ја предлага Мери Дика-Георгиевска за судија на Уставниот суд

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Македонското небо ќе биде затворено за сообраќај на 20 и 24 октомври – контролорите на летање најавија штрајк

Македонскиот воздушен простор ќе биде целосно затворен за сообраќај на 20 и 24 октомври, поради најавен штрајк на контролорите на…

October 4, 2025
МАКЕДОНИЈА

Казна од 100 евра: од денеска возачки дозволи со новото уставно име, регистарските таблички со ознаката НМК

Од денеска престануваат да важат возачките дозволи со старото име на државата. Парична казна од 100 евра за лицата кои…

January 1, 2025
МАКЕДОНИЈА

Македонија е коспонзор на американската резолуција во ОН за Украина

САД денес поднесуваат нацрт-резолуција во ОН што користи помалку критички јазик кон целосната инвазија на Русија врз Украина од нацрт-резолуцијата…

February 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

Видео: Сашо Мијалков снимен во Монте-Карло со луксузен автомобил вреден над 600.000 долари

Поранешниот директорот на УБК и осуденик, Сашо Мијалков е снимен во Монако како излегува од луксузен автомобил „ферари“ и влегува…

January 8, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?