Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Македонското небо ќе биде затворено за сообраќај на 20 и 24 октомври – контролорите на летање најавија штрајк
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Македонското небо ќе биде затворено за сообраќај на 20 и 24 октомври – контролорите на летање најавија штрајк
МАКЕДОНИЈА

Македонското небо ќе биде затворено за сообраќај на 20 и 24 октомври – контролорите на летање најавија штрајк

Објавено October 4, 2025 09:14
Сподели
Сподели

Македонскиот воздушен простор ќе биде целосно затворен за сообраќај на 20 и 24 октомври, поради најавен штрајк на контролорите на летање, објави „24Инфо“, повикувајќи се на извори од синдикатот на Македонска навигација (М-НАВ).

Струковиот синдикат на контролори на летање (ССКЛМ) повторно ја активира одлуката за штрајк, откако, како што наведуваат, менаџментот на М-НАВ не ги исполнил претходно дадените ветувања. Според нив, состојбата во претпријатието задолжено за безбедноста во авиосообраќајот е загрижувачка, а неопходните кадровски решенија се одложуваат и блокираат.

Од извори на Синдикатот за 24Инфо велат дека 20 октомври е избран како почетен датум по завршувањето на локалните избори, за да не се дозволи на раководството на М-НАВ да ја искористи ситуацијата и да го етикетира штрајкот како политички мотивиран.

Контролорите бараат: Запирање на партиските вработувања во М-НАВ; Одобрување од Министерството за финансии за објавување на огласи за нови вработувања – пред сè за контролори на летање и инженери; Распишување тендер за избор на меѓународна независна агенција за изработка на функционална анализа на потребите на претпријатието.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Клековски: Уште 15 претставки од пациенти за сомнителни кардиолошки интервенции се пристигнати во ФЗО
Следна Статија (Видео) Коњановски: Реката Драгор добива ново лице

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Македонија на 51 место според индексот за мир

Македонија се најде на 51 место на Глобалниот индекс на мир  што објавен од Институтот за економија и мир (IEP). Индексот рангира…

September 1, 2025
МАКЕДОНИЈА

Хрватскиот претседател Милановиќ утре во посета на Македонија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, утре ќе биде домаќинка на претседателот на Република Хрватска, Зоран Милановиќ, кој ќе престојува во официјална посета…

May 6, 2025
МАКЕДОНИЈА

Во ракетен напад погодена Амбасадата на Македонија во Киев

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија најостро ги осудува денешните ракетни напади на руската армија врз Киев. Воедно, информираме…

December 20, 2024
МАКЕДОНИЈА

Николоски: Со нов Правилник ќе го зголемиме квалитетот и кванитетот на велосипедските патеки, за следната година ќе предвидеме и субвенции за купување на нови велосипеди

Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, заедно со стручните служби од секторот за урбанизам и патен сообраќај,…

December 17, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?