Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Беспредметно е сега да се испраќа писмо до ЕУ, за да почне процесот на уставни измени потребно е бугарскиот Парламент да го ратификува Пристапниот договор
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: Беспредметно е сега да се испраќа писмо до ЕУ, за да почне процесот на уставни измени потребно е бугарскиот Парламент да го ратификува Пристапниот договор
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Беспредметно е сега да се испраќа писмо до ЕУ, за да почне процесот на уставни измени потребно е бугарскиот Парламент да го ратификува Пристапниот договор

Објавено October 26, 2024 15:00
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски смета дека сега е беспредметно да се испраќа писмо до Европската унија затоа што вели се она што требало да биде содржано во писмото веќе е разговарано со лидерите од Европската унија и со претседателката Урсула Фон дер Лајен која во четвртокот беше во посета на земјава.

Во изјава за медиумите дадена денеска во општина Аеродром, премиерот рече дека позицијата на земјата е јасна и дека за да почне процесот на уставни измени потребно е бугарскиот Парламент да го ратификува Пристапниот договор на нашата држава за влез во Европската унија.

За да почне процесот на уставните измени потребно е она што ние го предлагаме да биде прифатено, а тоа е кога бугарскиот Парламент ќе го рафитикува Пристапниот договор на нашата земја во рамките на Европската унија, да важат тие уставни измени. Мислам дека е тоа фер решение за сите имајќи ја предвид состојбата во којашто не доведе Владата во која клучниот збор го имаше Бујар Османи и позади себе ги водеше Маричиќ и Ковачевски. Сега дознавам што се правело во тој период и навистина шокирачки се тие информации, затоа жестоко се бориме. Друг тип на уставни измени додека сум јас премиер нема да има, ултиматуми и диктати нема да прифаќам – рече Мицкоски.

За утрешните избори во Бугарија рече дека не би можел да издвои кој би бил подобар соговорник, но дека логично е дека сака да победи партијата на Борко Борисов со која се дел од Европската народна партија.

Бугарските граѓани претпоставувам дека најдобро знаат кого да го изберат и да ги претставува и во бугарскиот Парламент и во идната бугарска Влада. Им посакувам успешни, фер и демократски избори и да ја изберат најдобрата влада којашто мислат дека ќе работи во интерес на бугарските граѓани и која ќе промовира стабилност во регионот и добрососедски односи. Не би можел да издвојам кој би бил подобар соговорник, но можам да кажам дека со партијата ГЕРБ која што ја води Борко Борисов сме во исто семејство во европската народна партија и логично е да посакам политичка партија која доаѓа од нашето семејство да победи на изборите – рече Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Канцеларијата за услуги за граѓаните значи брза и ефикасна услуга и можност за намалување на корупцијата
Следна Статија Направени се вонредни инспекциски надзори на неколку универзитети, Мицкоски најавува екипирање на одборите за акредитација и евалуација

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Ако Глигоров одбил 100 милиони долари од Грција за промена на името, колку зеле Заев и Филипче?

Ако Kиро Глигоров одбил 100 милиони долари за промена на името на државата како што стои во документите на ЦИА,…

March 6, 2026
МАКЕДОНИЈА

По Берберските овци, угина и мајмун во скопската Зоолошка

По смрта на седумте Берберски овци, во скопската Зоолошјка починал и мајмун од расата патас.  Од Зоолошката соопштија дека инспектор…

February 19, 2025
МАКЕДОНИЈА

Проданоски: Граѓаните гласаа за да има правда во државата и тоа се реализира

Во вечерашното гостување на Телевизија Телма во емисијата „Топ Тема“ присуствуваше пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Дејан Проданоски кој се осврна на…

December 25, 2024
МАКЕДОНИЈА

Муцунски: Нема договор со Велика Британија за прифаќање мигранти – шпекулациите се штетни и неосновани

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски категорично ги отфрли шпекулациите дека Владата или Министерството воделе разговори со Обединетото Кралство за…

October 11, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?