Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Канцеларијата за услуги за граѓаните значи брза и ефикасна услуга и можност за намалување на корупцијата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: Канцеларијата за услуги за граѓаните значи брза и ефикасна услуга и можност за намалување на корупцијата
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Канцеларијата за услуги за граѓаните значи брза и ефикасна услуга и можност за намалување на корупцијата

Објавено October 26, 2024 14:40
Сподели
Сподели

Навистина значаен ден за Аеродром, но и значаен ден за сите нас, бидејќи за многу кратко време почнуваме реално она за кое што зборувавме долго време да го применуваме. Техничкиот аспект од отворањето на оваа канцеларија овде го опиша и министерот, а и градоначалникот кажа колку е ова значајно за жителите на оваа општина, истакна премиерот Христијан Мицкоски.

-Она што јас сакам да кажам е дека ваквите канцеларии кои кога ќе се отворат насекаде, целата територија на државата, тогаш ќе можеме да зборуваме дека конечно во Македонија имаме реална борба против корупција. И ова е во таа насока, дигитализирањето, транспарентните услуги, сето ова што се случува ја намалува можност за корупција. Знаете како беше, тоа не така одамна, кога за 500 денара требаше да ви направи некој услуга и да извадите извод од родените. Така од прилика тоа функционираше. Исто така ќе ве потсетам на сите оние гужви и понижувачки моменти за македонските граѓани, кога мораше да вадат патни исправи, лични карти, возачки дозволи, сето тоа. Сега сето тоа е минато за многу кратко време, за 4 месеца, успеавме сето тоа да го сведеме во рамките на законскиот рок, рече тој.

Мицкоски посочи дека испробале како ова тука и во суштина функционира.

-Така што продолжуваме и понатаму да го испорачуваме она која што сме се обврзале пред граѓаните дека ќе го испорачаме. Но, она што мене ме прави задоволен е што конечно ќе биде целиот овој процес на користење на овој тип на услуга на неколку институции олеснет за сите граѓани низ целата територија на државата. Започнуваме оттука, еве Стефан кажа, уште неколку канцеларии, тоа што од претходната влада на СДСМ и ДУИ, е направено за 7 години, сега ќе биде направено за 7 месеци. Некако бројот 7 е симболичен. Но како и да е, продолжуваме и понатаму да работиме и да испорачуваме тоа што е наша обврска и должност. Ете уште еднаш честитам и нека се аирлија ваквите услуги и да можеме што повеќе вакви објекти да отвораме низ целата држава, рече Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Првпат Washington Post нема да поддржи кандидат на претседателските избори во САД
Следна Статија Мицкоски: Беспредметно е сега да се испраќа писмо до ЕУ, за да почне процесот на уставни измени потребно е бугарскиот Парламент да го ратификува Пристапниот договор

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Во Центар само со автобус или точак: Поскапува паркирањето, а ова се цените

Јавното претпријатие „Паркинзи Општина Центар“ (ПОЦ) воведува нови, повисоки цени за голем дел од своите услуги. Одлуката, која веќе е…

May 8, 2026
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Целосно се реконструира граничниот премин Деве Баир, дел од Коридорот 8

Да честитам на Министерството за транспорт, на Царинската управа, се разбира кредитот којшто е добиен од страна на Светска банка,…

October 5, 2024
МАКЕДОНИЈА

Ле Риголер: Извештајот од ЕК е вистинско охрабрување за земјата да продолжи со реформите

Извештајот на Европската Комисија за Македонија е вистинско охрабрување за продолжување на спроведување на реформите во одредени сектори, истакна денеска…

November 10, 2025
МАКЕДОНИЈА

Пандов: Стапката на ресоцијализација на затворениците е релативно мала

Стапката на ресоцијализација на затворениците е релативно мала, вели директорот на Управата за извршување санкции, Александар Пандов, посочувајќи дека кадарот…

September 26, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?