Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Клековски: Уште 15 претставки од пациенти за сомнителни кардиолошки интервенции се пристигнати во ФЗО
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Клековски: Уште 15 претставки од пациенти за сомнителни кардиолошки интервенции се пристигнати во ФЗО
ЗДРАВЈЕ

Клековски: Уште 15 претставки од пациенти за сомнителни кардиолошки интервенции се пристигнати во ФЗО

Објавено October 4, 2025 09:12
Сподели
Сподели

Во Фондот за здравствено осигурување се пристигнати уште 15 претставки од пациенти за сомнителни кардиохируршки интервенции кои ги препраќаме до Министерството за здравство за натамошно постапување, информираше вчера директор на ФЗО, Сашо Клековски. Пет се индивидуални претставки, а десет се поднесени од установа.

Клековски додаде дека досега се пристигнати вкупно 25 претставки од пациенти за сомнителни кардиолошки интервенции.

Претставките, појасни тој, опфаќаат различни периоди, а најстарата е за нешто што се случило во 2010 година.

Во основа има три категории поплаки, односно претставки: едната е каде можно е да им е направена интервенција на пациенти, а немало потреба од тоа, втората е каде на пациенти требало да им се направи, а не им е направено тоа што требало да се направи, и третата се однесува на пациенти кај кои од тоа што е направено нема да има помош во смисла интервенциите што се направени кај пациенти кои можеби се во терминална фаза нема да водат кон подобрување на нивната здравствена состојба или кон продолжување на животниот век. Тоа може да го спореди со давање скапи онколошки лекови на терминално болни пациенти, каде единствено палијативна нега е потребна во моментот, а тоа не е едноставна одлука, но е одлука која мора да биде донесена“, рече Клековски, одговарајќи на новинарско прашање по прес-конференцијата за активностите на ФЗО за зголемување на бројот на матични доктори во руралните средини.

Тој нагласи дека јавноста не треба да очекува брзи резултати и оти не е пожелно да има брзо резултати, бидејќи тие би биле погрешни.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Лидерите на ОВК остануваат во притвор во Хаг: Судот стравува од влијание врз сведоците и нови злосторства
Следна Статија Македонското небо ќе биде затворено за сообраќај на 20 и 24 октомври – контролорите на летање најавија штрајк

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Ако ја имате оваа силиконска лажица за бебиња од ДМ, веднаш фрлете ја

ДМ го повлекува од продажба производот „babylove силиконска лажица, 2 парчиња“ како мерка на претпазливост, а како што наведуваат, причината…

June 21, 2026
ЗДРАВЈЕ

6.000 МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ МУ НЕДОСТИГААТ НА ЗДРАВСТВЕНИОТ СИСТЕМ Во тек е оглас за прием на 240

Унијата на здруженијата на медицинските сестри, акушерки, стоматолошки сестри предводени од Здружението „За нас“ апелира да се отворат конкурси за…

July 19, 2025
ЗДРАВЈЕ

Зошто ни се приспива околу 14 часот?

Ако сте меѓу оние кои секој ден околу 14 часот чувствуваат потреба за уште една шолја кафе, голема е веројатноста…

June 23, 2025
ЗДРАВЈЕ

Дел од онколошките пациенти повторно без терапија, недостигаат лекови за рак на дојка

Онколошки пациенти повторно останаа без лекови. Речиси месец дена нема биолошка терапија за рак на дојка, а деновиве снемало и…

April 10, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?