Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Поплавени домови, улици, подруми и деловни објекти во Куманово од силното невреме
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Поплавени домови, улици, подруми и деловни објекти во Куманово од силното невреме
МАКЕДОНИЈА

Поплавени домови, улици, подруми и деловни објекти во Куманово од силното невреме

Објавено July 2, 2026 09:46
Сподели
Сподели

Силното невреме што вчера го зафати Куманово зад себе остави поплавени домови, деловни објекти и улици, а екипите на надлежните служби со часови работеа на отстранување на последиците. Денеска состојбата е ставена под контрола и повеќе нема активни интервенции.

Според Регионалниот центар за управување со кризи, најголем дел од пријавите се однесувале на поплавени подруми и навлегување вода во станбени и деловни објекти, при што е причинета материјална штета. Вода навлегла во објекти на повеќе локации низ градот, меѓу кои улиците „Моша Пијаде“, „Бајрам Шабани“, „Веселин Маслеша“, „Гоце Делчев“, „11 Октомври“, како и на булеварите „Октомвриска револуција“ и „Трета МУБ“. На дел од овие места нивото на водата во подрумските простории достигнало и до еден метар.

Поплавување било пријавено и на улицата „ЈНА“, во близина на трговски центар, каде исто така интервенирале спасувачките служби.

Во расчистувањето на последиците беа ангажирани екипи на Територијалната противпожарна единица, јавните претпријатија „Чистота и зеленило“ и „Водовод“, како и екипи на ЕВН. Тие извршија испумпување на водата, расчистување на погодените подрачја и презедоа активности за нормализирање на состојбата.

Паралелно со тоа, по престанокот на врнежите започна и чистење на улиците од насобраниот песок и чакал, како и прочистување на шахтите и одводните канали. На местата каде што дошло до излевање на фекалната канализација беше извршено миење и дезинфекција на коловозите.

Градоначалникот Максим Димитриевски најави дека по завршувањето на итните интервенции ќе следуваат дополнителни активности за целосно расчистување на сообраќајниците и санација на оштетените градилишта.

И покрај брзата реакција на службите, жителите повторно предупредуваат дека при секој пообилен дожд се повторуваат истите проблеми на повеќе критични локации во градот. Според нив, недоволната атмосферска канализација и ограничениот капацитет на постојната инфраструктура не можат да ја примат големата количина дождовница, поради што овие делови од Куманово редовно се соочуваат со поплави.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Kaква луда игра, вели Кејн
Следна Статија Наскоро и странските таблички ќе добиваат казни од „Безбеден град“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Идентификувани 20-тина лица поврзани со пожарите

Видовте утрово, се појави снимка како се случува подметнување пожар во Пинтија, бев континуирано на линија со градоначалникот на Општина…

September 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

Редизајниран и модернизиран Национален електронски систем за управување со документи, најави Андоновски

Национален електронски систем за управување со документи еДМС, кој е клучен за дигиталната администрација и функционирањето на јавната управа, ќе…

August 19, 2025
МАКЕДОНИЈА

Откриен гроб со протома од коњ положен на страна кој датира од железното време на локалитетот Исар Марвинци

Локалитетот Исар – Марвинци, Валандово, и оваа година продолжи да носи значајни археолошки откритија и да го збогатува македонското културно…

October 31, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Претходната Влада потпиша капитулација со прифаќање на бугарските барања, ние нема да попуштиме на уцени

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски во интервју во централниот дневник на АЛСАТ-М, вели дека претходната Влада на СДСМ и ДУИ…

June 15, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?