Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Американските конгресмени Флорс и Скагс: Во интерес на САД е Македонија да биде целосно интегрирана во европскиот систем
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Американските конгресмени Флорс и Скагс: Во интерес на САД е Македонија да биде целосно интегрирана во европскиот систем
МАКЕДОНИЈА

Американските конгресмени Флорс и Скагс: Во интерес на САД е Македонија да биде целосно интегрирана во европскиот систем

Објавено November 16, 2024 09:20
Сподели
Сподели

Мислам дека САД ќе останат многу посветени и заинтересирани за членството на Македонија во ЕУ. Ако јас бев Македонец ќе се чувствував комотно дека САД ќе останат партнер на државата и нејзините граѓани. Мислам дека ќе видиме поголемо нагласување на обидите да се реши предизвикот со кој се соочуваме на Блискиот исток, предизвиците во Украина и мислам дека ќе ги видиме САД посилни, одговори поранешниот конгресмен Бил Флорс од Републиканската партија на САД на прашањето дали по завршување на претседателските избори очекува да се промени надворешната политика на САД и дали ќе се зголеми интересот за Западен Балкан.

Како што изјави поранешниот конгресмен Бил Флорс во Тема на денот на дневникот на Сител телевизија, пристапувањето во ЕУ е важно не само затоа што тоа ќе ја направи ЕУ посилна, туку исто така е важно и за економијата на Македонија.

Повторно ќе кажам дека Македoнија ќе има добар партнер. Бев тука во 2018 година, како дел од Преспа процесот и кога државата организираше референдум за промена на името и многу луѓе мислеа дека тоа ќе биде последен чекор, но ЕУ кажа дека има уште еден чекор за пристапување. САД ја поддржуваат Македонија во тој процес, нагласи Флорс.

Дејвид Скагс, поранешен конгресмен од Демократската партија, истакна дека негово лично мислење е дека смета оти во интерес на САД е Македонија да биде целосно интегрирана во европскиот систем, и одбранбено и економски.

– За нас тоа има смисла, но мора да бидеме внимателни каква може да биде нашата соодветна улога, да не им кажуваме на други држави што да прават, рече тој.

Двајцата американски конгресмени сметаат дека согласно она што виделе денеска се уверени во способноста на Собранието на Република Македонија да оди напред.

– Врз основа на тоа што го видовме деновиве знаеме дека Собранието има усвоено Етички кодекс, но тој се уште не е целосно имплементиран. Според разговорите што ги имавме денеска, имаме впечаток дека сите и вработнеите и пратениците, би сакале да имплементираат систем во кој ќе се вметнат најдобрите практики и ние се надеваме дека овој ентузијазам што го видовме ова утро ќе продолжи, рече меѓу другото Бил Флорс.

Според Дејвид Скагс, она што го виделе во изминатите пет дена, партиската дисциплина во државава и во многу други парламентарни држави, како што рече, е многу повеќе строга отколку што е во Конгресот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мајк Тајсон со судиска одлука поразен од Џејк Пол (ВИДЕО)
Следна Статија СКАНДАЛ: Косовските фудбалери го напуштија теренот во Букурешт поради „Косово е Србија“ (ВИДЕО)

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Mицкоски: Во законот за правична застапеност нема да се важни процентите, туку квалитетот

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната седница за пратенички прашања истакна дека  во Законот за правична застапеност не се…

May 28, 2026
МАКЕДОНИЈА

Јаневска: Проблемот се „петките“ кај учениците го лоцираме кај родителите

Проблемот со „петките“ во земјата е навистина сериозен и од моето долгогодишно, веќе пет-шест години со контактите со наставниците, тој…

November 30, 2025
МАКЕДОНИЈА

Славески: Арсовска треба да сноси одговорност за недоставениот предлог – Буџет

Градоначалникот Данела Арсовска деновиве ја пее својата “лебедова песна”. На аргументираните ставови изнесени на прес конференција од страна на членот…

December 11, 2024
МАКЕДОНИЈА

Лентите за М – ТАГ на патарините од полноќ само за електронски тагови

Лентите означени за M -таг на патарините во државава од ноќеска ќе бидат наменети исклучиво за користење со електронски тагови,…

June 14, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?