Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Зошто никој не нѐ извести дека осомничениот, кој добро го знаеме, побегнал од Психијатрија, прашуваат од прилепското Социјално
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Зошто никој не нѐ извести дека осомничениот, кој добро го знаеме, побегнал од Психијатрија, прашуваат од прилепското Социјално
ХРОНИКА

Зошто никој не нѐ извести дека осомничениот, кој добро го знаеме, побегнал од Психијатрија, прашуваат од прилепското Социјално

Објавено March 25, 2025 18:30
Сподели
Сподели

Социјални работници во Прилеп, Неготино и Тетово во текот на денешниот ден изразија поддршка за нивната 36-годишна колешка, која вчера беше ранета од огнено оружје. Побараа итни мерки за заштита – нападот врз нив да се третира како напад врз службено лице, да имаат физичко обезбедување, психосоцијална поддршка, подобри услови за работа и построги санкции за насилниците.

Социјалните работници секојдневно се соочуваат со закани, вербални и физички напади додека ја вршат својата должност за заштита на најранливите категории граѓани. Недостатокот на безбедносни мерки во институциите каде што работиме сериозно го загрозува не само нашето физичко здравје и менталното здравје, туку и квалитетот на услугите што ги обезбедуваме, изјави Павлинка Волканоска, социјален работник од Неготино.

Ѓурѓица Новеска, социјален работник од Тетово рече дека на службеник кој решава сензитивни прашања, никој не треба да му врши притисок врз здравјето и работата.

Директорот на прилепскиот Центар за социјални работи Зоран Малкоски смета дека ова пукање е и напад на околу 1.200 вработени во сите 30 центри за социјални работи низ државава.

Не знам што треба да се преземе. Ова е специфична институција каде 90 отсто од населението доаѓа за да се решаваат нивните проблеми. Точно е дека секојдневно добиваме вербални, па и физички закани. Мора нешто да се преземе, но, треба консулстација на ниво на Министерство, рече Малкоски.

Тој рече дека не знае зошто не биле информирани за бегството на осомничениот од Психијатриската болница во Демир Хисар.

Не знам сѐ уште зошто никој не нѐ извести за бегството на осомничениот кого добро го знаеме. Се зачудив кога го видов во просториите. Моите обиди да стапам во контакт со директорот на Психијатриската болница беа безуспешни, додаде Малкоски.

Во Центарот за социјални работи неколку години се водел предмет за осомничениот во бракоразводна парница.

Во почетокот, колешката која е ранета беше дел од тимот, но, подоцна кога кажа дека добивала закани од него, ја отстранивме, појасни Малкоски.

Социјалната работничка, која вчера беше повредена на работното место, е во стабилна состојба. Според Малкоски, дел од вработените побарале медицинска помош по трауматскиот настан со пукањето вчера околу 14 часот.

Основното јавно обвинителство Прилеп донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 50-годишен прилепчанец, бидејќи постои основано сoмнение дека тој сторил кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 3 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик, како и – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје експлозивни материи од член 396 од Кривичниот законик.

Вчера, во просториите на ЈУ МЦСР Прилеп, тој со умисла се обидел да ја лиши од живот една оштетена – социјален работник, а во опасност го довел и животот на уште тројца вработени во Центарот за социјални работи.

Со оружје – пиштол марка „Берета“ модел 950 Б со калибар 6,35 мм, кој го поседувал без дозвола, тој започнал да пука кон жртвата, која се обидела да се скрие во една канцеларија. Со два куршуми ја погодил, при што со едниот проектил и нанесол површна рана во пределот на главата – аркадата, а со другиот и нанел прострелна влезно-излезна рана во пределот на десната страна од слабината.

Директорот на установата успеал да го совлада и да го задржи до пристигнување на полициските службеници, кои покрај пиштолот кај него пронашле и одзеле и еден нож.

Осомничениот, согласно евиденцијата, е претходно осудуван за кривични дела – телесна повреда, загрозување на сигурноста, демнење и други кривични дела, против него во постапка се и други пријави, а во моментот издржувал мерка на безбедност – Задолжително лекување во психијатриска болница од каде избегал.

Поради сите овие и други околности кои укажуваат на опасност од бегство, можност за влијание врз сведоците и опасност да го повторува кривичното поведение, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Објавена листата на фирми на кои ќе им бидат одземени лиценците
Следна Статија Првиот од 115-те пациенти на лекување во странство се врати во земјава

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Уапсен полицаец – дел од обезбедувањето на Мицкоски

Министерството за внатрешни работи покажува дека нема милост кон криминалците и поднесе кривична пријава за член од обезбедувањето на премиерот…

March 31, 2025
ХРОНИКА

Човечки коски најдени во шахта во Илинден

Коски за кои се смета дека се човечки се пронајдени вчера во шахта во населбата Илинден кај Скопје, соопшти МВР.…

March 15, 2025
ХРОНИКА

Кривична пријава за „силување дете кое не наполнило 15 години“, одреден му е притвор

На 04.04.2025 ОВР Македонски Брод при СВР Битола до Основното јавно обвинителство Кичево поднесе кривична пријава против Б.С.(64) од Македонски…

April 4, 2025
ХРОНИКА

Бизнисменот и почесен конзул кој го пренесе Груби на Косово на распит во полиција

Почесниот конзул на Косово во Македонија и сопственик на маркетот „Нептун“, Арсим Папранику во моментов се наоѓа во полициската станица…

December 18, 2024
Trending

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • ХОРОСКОП
  • СВЕТ
  • ЗДРАВЈЕ
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?