Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Првиот од 115-те пациенти на лекување во странство се врати во земјава
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Првиот од 115-те пациенти на лекување во странство се врати во земјава
МАКЕДОНИЈА

Првиот од 115-те пациенти на лекување во странство се врати во земјава

Објавено March 25, 2025 19:40
Сподели
Сподели

Првиот од 115-те пациенти настрадани по трагедијата во дискотеката во Кочани кои се лекуваат во странство попладнево се врати во земјава. Се работи за пациент кој се лекувал во болница во Белград, Србија и ќе биде на опсервација во ЈЗУ Клиника за Токсикологија – Скопје.

Директорот на ЈЗУ Клиника за Токсикологија – Скопје, Андон Чибишев изјави дека вратениот пациент од Србија е во сосема подобрена општа клиничка состојба.

-Извесен период, неколку или можеби до утре ќе биде опсервиран на Универзитетската клиника за токсикологија. Во моментот се прават некои клинички иследувања. Тој е прегледан и е во сосема добра состојба, со добри клинички параметри. Ќе направиме некои наши иследувања за да бидеме сигурни дека можеме да го пуштиме дома да си оди кај семејството. Протоколот вели дека треба да земеме барем основна лабораторија, да направиме едно интервју за да видиме низ се што прошол додека се лекувал таму. Доаѓањето во својата држава и дома, секако дека за него е да не кажам малку стресна состојба и ние не можеме веднаш да го пуштиме да си оди дома, туку ете малку тука ќе биде со нас, ќе се дружи со нашиот персонал, а во меѓувреме ние ќе ги направиме иследувања, рече Чибишев.

Директорот на Токсикологија нагласи дека според Планот на Кризниот штаб има подготвено повеќе тимови кои се составени од психијатри и психолози кои ќе работат со пациентите кои се лекуваат во земјава и тие што ќе се вратат од странство.

Апсолутно. Мислам дека и министерот на утринскиот брифинг со новинарите кажа дека според Планот на Кризниот штаб има подготвено повеќе тимови кои се составени од психијатри, психолози кои ќе работат со сите пациенти кои се лекуваат во државата и тие што ќе се враќаат од државите каде што биле трансферирани. Психичката траума е голема и стресот е голем. На тие пациенти сигурно ќе им треба и психијатриска и психолошка потреба, рече Чибишев.

Како што изјави министерот за здравство Арбен Таравари, според протоколите кои што веќе беа прифатени од Кризниот штаб во Министерството за здравство, секој пациент што се враќа во земјата минимум 24 часа ќе биде следен од клиниката каде што ќе биде тријажиран и ќе биде на Клиниката за токсикологија.

-Потоа, докторите тука и конзилиумот на лекари ќе одлучат дали треба да се испрати во друга клиника, дали тука треба да продолжи со лекување или може да се пушти во домашни услови. Идните денови очекуваме и други пациенти да се вратат и посака сите 115 пациенти да се вратат живи и здрави во Македонија и да продолжат да живеат нормално. Меѓутоа, да не брзаме. Првиот стигна. Уште еднаш ќе повторам – посакувам сите да ни стигнат здрави и живи, рече министерот Таравари и информира дека неделава се очекува осум до десет пациенти да се вратат во земјава.

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски, пак, соопшти дека ќе продолжи постепено враќањето на пациентите кои се лекуваат по болници во странство кои се наоѓаат во добра здравствена состојба.

-Имаме најави дека ќе продолжи постепено враќање на пациентите кои што се веројатно тоа би можело да се класифицира во најдобра здравствена состојба од тие кои се надвор од државата. Но, не би прејудицирале сега точно, затоа што тоа е процес кој е динамичен и кој пред се е базиран врз основа на одлуки на стручните медицински лица надвор од државата и стручните медицински лица кои ги имаме во државата. Ние сме целосно на располагање на семејствата. Во постојана комуникација сме со семејствата и со голем дел од пациентите, изјави Муцунски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Зошто никој не нѐ извести дека осомничениот, кој добро го знаеме, побегнал од Психијатрија, прашуваат од прилепското Социјално
Следна Статија Кремљ официјално ги потврди договорите за делумен прекин на огнот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Македонец лежи во „Идризово“ осуден за борба на руска страна: Веднаш ме испратија на фронтот кај Мариупол

37-годишниот Љупчо Бојчевски од Скопје е единствениот Македонец осуден на затворска казна за учество во странска војска во конфликтот во…

September 11, 2025
МАКЕДОНИЈА

Кузмановски се извини по скандалот со „белото“: Разрешениот директор вели дека тоа бил момент на слабост и дека длабоко се кае

Поранешниот директор на Клиниката за неврологија вели дека ќе продолжи да работи како лекар и дека „ќе живее со своите…

October 11, 2025
МАКЕДОНИЈА

Собранието в среда ќе гласа за предлогот Трајко Славески да биде нов гувернер

Во среда, 28 мај, ќе се одржи седницата за избор на гувернер на Народната банка (НБРМ). Според информациите објавени на…

May 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

Конкурс за студентски стипендии за странски државјани за 2025/2026 година

Министерството за образование и наука објави Конкурс за доделување 50 студентски стипендии за странски државјани кои се од интерес за Република Македонија,…

June 11, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?