Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Нашата борба е да го направиме животот овде вреден, да изградиме држава во која надежта е поважна од пасошот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: Нашата борба е да го направиме животот овде вреден, да изградиме држава во која надежта е поважна од пасошот
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Нашата борба е да го направиме животот овде вреден, да изградиме држава во која надежта е поважна од пасошот

Објавено July 4, 2025 14:03
Сподели
Сподели

Во политиката често зборуваме за кризите што ги гледаме, за оние што доаѓаат со драматични вести, со протести, со економски потерси, но денес ќе зборуваме за една поинаква криза, за една тивка, долготрајна, системска и глобална криза, а тоа е демографскат рецесија. Ова не е проблем само на Македонија, ова е предизвик на цела Европа па и пошироко. Германија, Италија, Бугарија, Јапонија, Јужна КОреја сите овие држави одамна се соочуваат со истото. Се раѓаат помалку деца, населението старее а младите се почесто по порага по подобар живот надвор од границите и ние не сме исклучок, рече Мицкоски.

Мицкоски посочи дека кај нас состојбата е алармантна, притоа информирајќи дека се помалку деца се раѓаат а стапката на наталитетот во 2024 година паднала на 8,8%.

-Нашата состојба е посебна, затоа што додека некои држави ја забележуваат како тренд кај нас таа е аларм. Овој проблем од претходните влади се ставаше под тепих и не се гледаше на него како сериозна закана. Фактите се јасни, во 2024 година се родија 16061 дете, а починаа 20201 лице. Тоа е природен пад од 4140 луѓе за само една година. Во последните четири години изгубивме повеќе од 33000 жители. Како од исчезни еден град од големина на Кавадарци или Кичево. Стапката на наталитет падна од 12,5% во 2010-тата на 8,8% во 2024-тата. Во многу општини и села веќе нема ниту прво оделение, се повеќе луѓе живеат сами, се помалку стапуват во брак, се помалку деца се раѓаат. Ова не се само бројки, ова е тишина што се шири, а кога велевме дека ги рушеа темелите, не ми лсвме само на курупцијата, на стопираните проекти, на нефункционалните институции од минатат Влада, милсвме и на ова. На рушење на семејството, на губењето на иднината, на иселувањето како единствена опција, затоа денеска кажуваме гласно, оваа Влада не го премолчува проблемот. Го имненува, го признава и се бори со него, посочи премиерот Мицкоски и додаде:

„Тоа борба не е со едно министерство, тоа е борба на сите нас. Борба што се води во градинките, во училиштата, во родилиштата, во домовите, во иселеничките клубови, на граничните премини каде се простуваат мајки ио синови. Нашата борба е да го направиме животот овде вреден, да го направиме мајчинството благослов а не товар. Да им дадеме на младите причина да останат. Да изградиме институции што не ја трошат туѓата младост туку ја негуваат. Да изградиме држава во која надежта е поважна од пасошот. Знаеме дека нема магично решение, но има намерна постојана државнича борба“.

-Секоја мерка, секоја инвестиција, секоја политика што ја носиме- е со цел да ја вратиме вербата. И тука сериозно размислуваме за дополнителни даноци за немажени и неженети.

Нема ништо посвето од животот. И нема ништо потажно од тоа што денес нашата држава тивко се празни. Но исто така- нема ништо похрабро од народ што се буди.Затоа велиме:Време е. Време е за иднина. Време е за држава-каде што ќе се раѓаат повеќе деца, тоа ни е главниот императив, повеќе млади да стапуваат во брак и да се раѓаат повеќе деца, а оние кои што се отселени да се вратат. Затоа што само така ќе се живее со повеќе срце, изјави Мицкоски.

Едгар Морен, рекол: „Демографијата не е судбина- туку огледало. Прашањето е: што ќе видиме во него и дали ќе имаме храброст да дејствуваме.“ Ние веќе гледаме. И веќе дејствуваме.Ги градиме темелите на промените- затоа што доаѓа времето на народот и граѓаните. И тоа нема да биде време на заминување, туку на враќање. Не на тишина- туку на нови гласови. Не на исчезнување- туку на раѓање, рече Мицкоски во своето обраќање.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Поднесено обвинение против директорот на „Геријатрија“ за примање поткуп од 20.000 евра
Следна Статија Од патарини инкасирани над 30 милиони евра за половина година

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Изборот на новите министри на денешната седница на Собранието

Собранието денеска ќе ја одржи 75. седница, на чиј дневен ред е и изборот на новите министри за европски прашања…

December 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

Имало пријави за судијата Ристов во Судски совет, но Камбовски не се сеќава да бил пријавен за мито

Пријави и претставки за постапувањето на судијата Ѓоко Ристов биле поднесувани во Судскиот совет, но судијата кој заврши во куќен…

January 28, 2026
МАКЕДОНИЈА

Државниот архив објави оригинална шифрирана порака на Гоце Делчев

Автентичен и оригинален документ напишан од Гоце Делчев денеска објави Државниот архив. До објавувањето на оригиналниот документ доаѓа ви чест…

February 4, 2026
МАКЕДОНИЈА

Поплавени над 50 куќи на подрачјето на Ресен

Поради обилните врнежи, на подрачјето на Општина Ресен дошло до излевање на Болнска и Источка река во селата Царев Двор…

November 21, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?