Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Јакимовски сѐ уште не ја добил пресудата, но му ја врачиле поканата за во затвор
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Јакимовски сѐ уште не ја добил пресудата, но му ја врачиле поканата за во затвор
МАКЕДОНИЈА

Јакимовски сѐ уште не ја добил пресудата, но му ја врачиле поканата за во затвор

Објавено June 13, 2026 16:48
Сподели
Сподели

Во четвртокот на поранешниот градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски му била врачена поканата за во затвор, но сѐ уште не му е доставена пресудата. Ова денеска на прес конференција го истакна Јакимовски, кои се пожали дека на ваков некоректен начин му се одолговлекува времето за жалба до Врховниот суд.

-Осуден сум на едногодишна затворска казна за поставување времена градба која што служела на граѓаните на Карпош 13 години, која не направила никому штета туку направила корист за општина Карпош повеќе од 1,5 милиони евра. Оние што ја донесоа пресудата и оние што ја направија оваа работа се потрудија во четвртокот одолу 14 часот да го добијам упатниот акт за одење во затвор во Шуто Оризари на 2 јули оваа година, а можете ли да замислите до каде оди некоректноста, до ден денес сѐ уште немам добиено пресуда. Веројатно тие мислеле дека пресудата ја има оној кој што треба и тој што ја нарачал, а тоа е Христијан Мицкоски и дека таа мене не ми е потребна – рече Јакимовски.

Упатниот акт е издаден за втори јули односно до тој датум Јакимовски треба да се јави на издржување на казната во затворот во Шутка. Апелациониот суд во Скопје во вторникот соопшти дека ја потврдил едногодишната затворска казна на Јакимовски за кривично дело бесправно градење кое се однесува на бараката во која до лани во септември беше сместена општина Карпош, во периодот додека се градеше новата општинска зграда.

Јакимовски смета дека правосилноста на пресудата е за да биде спречен да се кандидира за нов мандат во општината, бидејќи како што вели, ќе има нови избори поради боледувањето и отсуството на актуелниот прв човек на општината, Сотир Лукровски.

Поранешниот градоначалник поднел и барање за одложување на извршување на казната поради здравствени проблеми. Тој е осуден за бесправно градење, додека Апелација му ја поништи казната од три години затвор за злоупотреба при издавањето на уверенија за општинската барака.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Сиљановска-Давкова: Не можеме да ја ревидираме историјата по барање на некој друг
Следна Статија Мицкоски на гости кај Ердоган

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Коцевски: Недостигаат финансиски средства и кадар, вработените во обвинителствата работат со натчовечки напори

Јавниот обвинител Љупчо Коцевски, денеска, пред пратениците алармира за состојбата во која се наоѓаат обвинителствата. Тој укажа дека недостигаат финансиски…

November 14, 2025
МАКЕДОНИЈА

Нема опасност за посетителите на ЗОО Скопје доколку немале директен контакт со заболени птици од птичји грип

Од 15-те вработени во скопската Зоолошка градина за кои веќе е завршена епидемиолошката анкета од страна на епидемиолози од Центарот…

October 21, 2024
МАКЕДОНИЈА

До вчера 27.000 студенти подигнале ваучери за електронски уреди

Повикот за ваучери за студенти за електронски уреди има исклучително добар одѕив. Заклучно со вчера 27.000 студенти ги подигнаа ваучерите,…

November 20, 2025
МАКЕДОНИЈА

На 8 Септември 1991 година ние, македонските граѓани, ја крунисавме вековната борба на илинденците и партизаните со унитарна, независна и самостојна држава!

На 8 Септември 1991 година, легално и легитимно, врз основа на неотуѓивото и непотрошно право на самоопределување на секој народ,…

September 8, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?