Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски не бил таргет на прислушување, тврди Димовски и бара декласификација на документите
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски не бил таргет на прислушување, тврди Димовски и бара декласификација на документите
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски не бил таргет на прислушување, тврди Димовски и бара декласификација на документите

Објавено September 2, 2025 12:27
Сподели
Сподели
ПРВА ЛИНИЈА

Поранешниот директоро на АНБ, Виктор Димовски, тврди дека Мицкоски не бил следен и прислушуван во негово време

September 2, 2025 11:52

 Поранешниот директор на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) Виктор Димовски утрово излезе со одговор на својот Фејсбук-профил за наводите за злоупотреби во Агенцијата што биле правени во периодот додека тој раководел со службата, а се однесуваат на следење и прислушување на тогашниот лидер на опозицијата, а сега актуелен премиер Христијан Мицкоски, како и на бизнисмени и новинари.

Во објавата, Димовски без да наведува имиња, вели дека во периодот додека тој бил на чело на АНБ, лидер на тогашна опозициска партија не бил предмет на посебен оперативен интерес на Агенцијата, ниту, пак, брз него биле применувани било какви оперативно-технички мерки.

Димовски го повикува актуелниот директор на АНБ, Бојан Христовски да ги декласифицира документите за наводни злоупотреби, особено оние кои се однесуваат на Мицкоски.

Во текот на вчерашниот ден од страна на премиерот и од актуелниот директор на Агенцијата за национална безбедност беа изнесени сериозни обвинувања за наводна злоупотреба на државни ресурси за прислушкување на поранешниот лидер на опозицијата (сега премиер), бизнисмени и новинари од страна на АНБ и Агенцијата за разузнавање. Со оглед на тоа што во претходен брифинг за медиуми во АНБ бил споменат периодот од 2019 до 2024 година во дел од кој и јас ја извршував должноста директор на АНБ, одговорно тврдам дека тој како лидер на тогашна опозициона партија во периодот од 2019 -2022 година не бил предмет на посебен оперативен интерес на Агенцијата, не бил предмет на организирана оперативна работа, а со тоа ниту таргет кон кого биле применувани било какви оперативно-технички мерки, наведува Димовски.

Вели дека е точно оти „во наведениот период согласно законските надлежности во Агенцијата имаше постапка за преиспитување на проверките за безбедносни сертификати, вклучително и за еден тогашен и сегашен пратеник поради оддавање на класифицирана информација, а за што му беше поднесена соодветна кривична пријава до надлежното обвинителство“.

Во врска со тоа, како што посолува, на негово барање, на дневен ред на надлежната собраниска Комисија за надзор на работата на АР и АНБ беше ставена точката за информирање за случајот и изнесените наводи во електронските медиуми.

– Со оглед на сериозноста на изнесените наводи на синоќешниот прес и на претходниот брифинг во АНБ го повикувам директорот на Агенцијата веднаш и неодложно да ги декласифицира документите за наводни злоупотреби, а особено тие кои се однесуваат на прислушкување на тогашниот лидер на опозицијата.  Македонската јавност има право да знае кој тоа предлагал, барал, одобрувал и кој ги извршувал наводните прислушкувања! Очекувам дека овојпат нема да има криење со изговори од типот “класифицирани информации со степен на државна тајна”, посебно после последните неколку објави во некои “информирани медиуми” кои лифериваат конкретни имиња на лица кои наводно биле таргет на Агенцијата, вклучително и податоци за идентитетот на вработени и тајни соработници, наведува поранешниот директор на АНБ Виктор Димовски.

Димовски беше првиот директор на АНБ, која беше основана по реформите на безбедносниот систем на државата. Тој со Агенцијата раководеше од нејзиното основање во 2019 до 2022 година, кога на негово место дојде Зарко Милошевски.

Наводите, на кои Димовски денеска одговара во објавата на Фејсбук, дојдоа откако во петокот беше објавено дека Агенцијата за национална безбедност доставила три известувања до Јавното обивнителство за еден поранешен директор и група вработени во АНБ поради индиции за незаконско, непрофесионално и неетичко постапување.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Пенов или Пановски – кандидат за градоначалник на Скопје од ЛДП
Следна Статија Мицкоски за прислушувањето: Нема да има селективна правда, ќе има одговорност и правна разрешница

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Почуствуван силен земјотрес во Скопје

Земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтер, вечерва во 22.05 часот, беше почувствуван во Скопје. Земјотресот е регистриран на…

February 10, 2026
МАКЕДОНИЈА

Фон дер Лајен во посета на Скопје на средби со Сиљановска Давкова и Мицкоски

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лaјен во рамки на нејзината четиридневна турнеја низ шесте земји од Западниот Балкан,…

October 24, 2024
МАКЕДОНИЈА

Димитриевски до Ахмети: Доколку се случи било каков обид за дестабилизација на државата, државата ќе одговори

Претседателот на Движењето ЗНАМ и актуелен градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски, на прашањето како ја коментира заканата на опозициската ДУИ…

November 5, 2024
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Нашата борба е да го направиме животот овде вреден, да изградиме држава во која надежта е поважна од пасошот

Во политиката често зборуваме за кризите што ги гледаме, за оние што доаѓаат со драматични вести, со протести, со економски…

July 4, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?