Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Сиљановска-Давкова: Не можеме да ја ревидираме историјата по барање на некој друг
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Сиљановска-Давкова: Не можеме да ја ревидираме историјата по барање на некој друг
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска-Давкова: Не можеме да ја ревидираме историјата по барање на некој друг

Објавено June 13, 2026 16:46
Сподели
Сподели

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова смета дека Македонија не смее да ја ревидира својата историја по барање на друга држава, нагласувајќи дека историските прашања не треба да бидат услов за европската интеграција на земјата.

Во првиот дел од интервјуто за националната агенција МИА, таа вели дека европската идеја подразбира соработка и помагање меѓу државите, а не блокади и поставување пречки на патот кон членство.

„Мојата перцепција за Европа, за членство, не е на зелената маса да блокирате некој друг. Напротив, да креирате заеднички политики или да му помогнете на тој другиот да седне до вас, за да можете полесно да ги надминете проблемите кои ви се заеднички. Но, повторно велам, ние, како и досега, некако сме исклучок. Но, не поради нашата себеисклученост во поглед на многу прашања, туку поради тоа што некој друг сега има забелешка на нешто што е само наше – историја, идентитет. Треба да разговараме, нема проблем да разговараме. Меѓутоа, не можеме ние да ревидираме историја на барање на некој друг“,вели претседателката во интервјуто за МИА.

Според неа, решенијата поврзани со клучните национални прашања мора да произлегуваат од внатрешен консензус и предупреди дека наметнатите решенија во минатото не донеле трајни резултати, туку отворале простор за нови барања.

Изрази надеж дека ќе може да се најде решение доколку станува збор за прашање што ја засега и Европската Унија, а не само билатералните односи.

„Сите такви чекори, кога не извирале решенијата од овде, не биле граѓански консензус, не биле трајни решенија, туку само оставале простор или охрабрувале некои други да поставуваат нови прашања. Јас се надевам дека сепак, ако проблемот не е само билатерален, туку е, како што слушаме, проблем со Европската Унија, дека има тука решенија. Јас многупати велам дека и политичката креативност – иако не е уметност на можното, понекогаш не познава граници – не се работи само за нас. Се работи за принципите и вредностите на Европската Унија“,кажа таа.

Сиљановска-Давкова смета дека историчарите не треба да бидат ставени во улога на усогласувачи на историјата, бидејќи, како што рече, во политиката е можно усогласување, но не и во историјата.

„Значи ги политизираме историчарите. Како тоа ќе ја усогласуваме ние историјата? Се разбира дека не треба да имаме во читанките навреди, не треба да имаме несоодветни зборови, говор на омраза, меѓутоа не можете вие да ревидирате историја бидејќи историјата е дел од нашиот идентитет. Лошо е да живеете во историјата, ама да ја имате предвид историјата – тоа е нешто нормално. Секој народ има право на своја историја, на читање на историјата по свое. Не е добро ако вие живеете во историјата“,рече претседателката.

Во однос на евроинтегративниот процес, претседателката оцени дека барањето за уставни измени како услов за почеток на преговорите претставува преседан и дека ваков пример не постоел во досегашната практика на Европската Унија.

„Се разбира дека штом ние спомнеме евроинтеграција, приказната веднаш почнува со уставните измени и со протоколите. Пазете, уставни измени за почеток на преговори. Такво нешто немало. Членство – имало пред членство, ама уставни измени за да почнете преговори. Особено по она интересно прашање на еден претходен референдум – ‘Дали сте за членство во ЕУ и НАТО?‘, не ‘Дали сте за почеток на преговори?‘, ‘Дали сте за членство во ЕУ и НАТО?‘. Приказната европска има сериозни проблеми, а многу чудно е што доаѓаат од новите членки на ЕУ, од соседите“,изјави таа.

Во интервјуто ја критикува и употребата на ветото во процесот на проширување, оценувајќи дека тоа е спротивно на принципите на европската „мека моќ“ и на идејата за солидарност меѓу државите-членки и кандидатите за членство.

На прашањето за односот на опозицијата кон бугарското вето, особено по признанието на Софија дека промената на Уставот не е единствениот услов за преговори, таа вели дека тоа е многу интересен феномен, редок, бидејќи имало проблеми при зачленувањето понекогаш или најчесто од територијален карактер, меѓутоа не постои евроинтеграциски процес во којшто сите граѓани во една држава, без оглед на етничка, верска, односно партиска припадност, не зборувале во еден глас кога се однесувало на националните интереси.

„Ние и тука сме специфични. Јасно е зошто, бидејќи уште во процесот на преземањето на обврските, клучните обврски на кои сега се повикуваат за извршување, имало длабоко неразбирање. Јас паметам какви протести имавме. Но, во една не многу транспарентна постапка, без вклучување не само на опозицијата, туку и на граѓаните, биле носени одлуки коишто се од темелно значење за нашиот идентитет и за нашата држава. За такви одлуки е потребен консензус“,рече Сиљановска-Давкова.

Осврнувајќи се на нон-пејперот инициран од германскиот канцелар Фридрих Мерц и францускиот претседател Емануел Макрон во пресрет на Самитот ЕУ–Западен Балкан, претседателката вели дека не сакала да изнесува конечни оценки додека предлогот не добие поофицијална форма.

Според неа, последователните иницијативи на неколку европски држави во врска со прашањата опфатени во предлогот покажале дека нејзината претпазливост била оправдана.

Посочи дека не го гледа предложениот модел како замена за полноправно членство во Европската Унија, додавајќи дека таков став, според неа, делат и други држави.

„Не гледам, а мислам дека ниту една држава не гледа на ваквиот модел како на замена за членството во Европската Унија. Но, во овие времиња-невремиња важно е да бидете присутни на пазарот“,кажа таа.

Осврнувајќи се на Вториот протокол со Бугарија, претседателката рече дека во него не постои обврска за промена на Уставот и дека таква обврска не може да произлезе од документ кој, според неа, само ги конкретизира одредбите од Договорот за пријателство и добрососедство.

Посочи дека во членот 12 од договорот не постои одредба што предвидува уставни измени, нагласувајќи дека записници и протоколи не можат да бидат основа за менување на Уставот.

„Не можете со записник или со протокол да менувате, да амандманирате Устав“,вели таа.

Оцени дека прашањата поврзани со малцинските права не се дел од европското acquis и посочи дека различни земји-членки на Европската Унија имаат различни решенија во оваа област.

За работата на заедничките историски комисии, претседателката рече дека не може да се согласи со концептот на усогласување на историјата, бидејќи историските прашања, според неа, не можат да бидат предмет на политички договор.

„Во политиката има усогласување, во историјата нема. Не можете да ја ревидирате историјата бидејќи таа е дел од идентитетот“,вели шефицата на државата.

Според неа, секој народ има право на сопствено толкување на својата историја и оцени дека историчарите не треба да бидат политизирани преку обиди за усогласување на историските наративи.

Според претседателката, во образовните материјали не треба да има навреди, говор на омраза и дискриминаторски содржини, но тоа не значи дека треба да се врши ревизија на историските факти.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Филипче прашува дали Сиљановска е за Фронтот за вистина и правда
Следна Статија Јакимовски сѐ уште не ја добил пресудата, но му ја врачиле поканата за во затвор

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

На скала од 5 до 10 Таравари му дава оценка 8 на јавното здравство

На крајот од календарската 2024 година, министерот за здравство Арбен Таравари кој ја извршуваа оваа функција од средината на јуни…

December 30, 2024
МАКЕДОНИЈА

Еве каде може да донирате помош за настраданите од поплавите во БИХ

Интензивните врнежи од дожд, кои зафатија делови од Босна и Херцеговина, предизвикаа поплави и лизгање на земјиштето, одземајќи човечки животи…

October 5, 2024
МАКЕДОНИЈА

Намалување на училишниот прибор од најмалку 10 и 15 проценти во трговија на големо и мало и продолжување на кризната состојба од 30 дена

Сè со цел спречување на растот на цените на училишниот прибор пред почетокот на учебната 2025/2026 година и заштита на…

August 7, 2025
МАКЕДОНИЈА

Рокас: Незаконски стекнатите средства и нивната конфискација најмногу обесхрабруваат криминални активности

Евроамбасадорот Михалис Рокас упати силна порака за поддршка на македонските власти во борбата против организираниот криминал и корупцијата. На конститутивната…

February 2, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?