Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Сиљановска-Давкова по средбата со Пармелан: Да се концентрираме на реформските предизвици
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Сиљановска-Давкова по средбата со Пармелан: Да се концентрираме на реформските предизвици
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска-Давкова по средбата со Пармелан: Да се концентрираме на реформските предизвици

Објавено April 29, 2026 16:26
Сподели
Сподели

Во рамки на официјалната посета на швајцарскиот претседател, денеска беше одржана заедничка прес-конференција на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и претседателот Ги Пармелан.

Во продолжение е интегралната изјава на претседателката Сиљановска-Давкова:

Не само за мене, туку и за сите нас и за државата ова е историски ден, зoшто за прв пат швајцарски претседател е во официјална посета. Затоа, дозволете ми уште еднаш да го поздравам неговото доаѓање и плодниот разговор што го имавме.

Зошто го потенцирам ова? Присуството на швајцарскиот претседател овде, значи дека тој на Западен Балкан му придава големо значење од една страна и второ, тој е потстрек на македонско-швајцарските односи. Швајцарија е инспирација во поглед на демократијата, Швајцарија има развиена партиципативна политичка култура, развиена локална самоуправа, форми на директна демократија од кои може да се учи. Зошто е за нас важна? Бидејќи се работи за еден успешен пример на мала, федеративна, повеќејазична држава, во која што разликите се надминуваат со знаење, со граѓански капацитет, со компетентност и, се разбира, со постојана активност.

Констатиравме дека бележиме напредок во дијалогот, којшто е заснован на почит и имаме намера во истиот дух да продолжиме, особено во рамките на ОБСЕ, бидејќи во овие тешки времиња, како што знаете, Швајцарија застана на чело на ОБСЕ, но исто така да соработуваме во Обединетите Нации и во Советот на Европа.

Мирот и безбедноста ни се главните заложби и многу пати сум рекла, за малите држави, мултилатерализмот е решението, а тој вирее во стабилни меѓународни институции. Веројатно, во разговорите со премиерот и со владата, бројките од економијата ќе бидат подобро објаснети, но не можам, а да не кажам дека Швајцарија е еден од нашите најголеми донатори.

За мене, особено се важни швајцарските донации во демократското управување, во одржливиот економски развој, во заштитата на животната средина и тие се континуирани веќе три децении. Особено се заблагодарив за поддршката во формирањето и работата на Парламентарниот институт во македонското Собрание, бидејќи тој е најдобрата и главна логистичка поддршка на работата на парламентот. Програмата е насочена кон подобрување на законодавната процедура, на зајакнување на надзорната функција на парламентот, на транспарентноста во работата и особено во комуникацијата со вас, новинарите, е особено важна.

Сметаме дека Програмата за соработка 2025-2028 година, за којашто информираа од Кабинетот на претседателот, односно од неговиот тим овде, со буџет од 56,1 милион швајцарски франци, има за цел да продолжи да ги стимулира реформите поврзани со европската интеграција, која што нам многу ни значи. Швајцарија не е членка на Европската Унија, но таа ги исполнува сите Копенхашки критериуми и има извонредна соработка со Европската Унија.

Се радувам на формирањето на SwissCham во Скопје, тоа е платформа за стопанско поврзување. Мојот приоритет е интензивна соработка во образованието, во науката, во културата, во спортот, зошто мислам дека имаме што да размениме и имаме што да стимулираме.

На крајот, јас ја презентирав нашата состојба врзана за евроинтеграцијата, му ги објаснив на претседателот проблемите со коишто се соочуваме, го потенцирав значењето на Копенхашките критериуми за нашата европеизација. Заклучив дека, тоа е наш природен дом, како многу пати, и сега, со тоа ќе завршам, географски, историски и културно, ние отсекогаш сме биле дел од Европа и таму ни е местото. Она што го бараме е да бидеме третирани како другите, она што го бараме е да се концентрираме на реформските предизвици и да не ја губиме енергијата на ирационални прашања.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија За пет години имало 508 случаи на сексуална злоупотреба на деца
Следна Статија Автобус прегази 81-годишна жена на Партизанска

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Повеќе од 19 илјади неважечки ливчиња регистрирани во вториот круг локални избори

Вчера во Македонија се одржа вториот круг локални избори 2025 година, во кој сите, освен четири општини, избраа градочалници за…

November 3, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Околу 1100 -1200 работници работат по целата траса на автопатот до Охрид

Во овие 8 месеци работат на потегот од Климештани до Охрид над 400 камиони, над 100 булдожери од различни типови…

July 20, 2025
МАКЕДОНИЈА

Наставниците се ослободуваат од непотребни административни обврски

Во време на забрзана дигитализација на образованието и воопшто на општеството, нема потреба наставниците да пополнуваат едни исти податоци на…

June 26, 2025
МАКЕДОНИЈА

Повеќето граѓани сакаат смена на Судски совет и на државниот јавен обвинител

Во анкетата на МКД.мк,на актуелното прашање за смена на Судскиот совет и на јавниот обвинител, мнозинството од испитаниците дале позитивен одговор.…

April 27, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?