Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: За пет години имало 508 случаи на сексуална злоупотреба на деца
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > За пет години имало 508 случаи на сексуална злоупотреба на деца
ХРОНИКА

За пет години имало 508 случаи на сексуална злоупотреба на деца

Објавено April 29, 2026 16:24
Сподели
Сподели

Во периодот од 2020 до 2024 година во државата се евидентирани 508 случаи на сексуална злоупотреба на деца, при што системот за заштита на жртвите реагира фрагментирано, не обезбедува навремена поддршка и често предизвикува секундарна виктимизација, покажуваат наодите од најновата анализа на Народниот правобранител.

Според податоците кои ги презентираше денеска заменик-народниот правобранител Васка Бајрамовска – Мустафа, од вкупниот број жртви во анализираниот петгодишен период, 455 се девојчиња, а 53 се момчиња. Најголем дел од случаите, истакна, се однесуваат на тешки кривични дела, односно 186 случаи за силување на дете под 15 години, 99 случаи за полов напад и силување, како и 196 случаи за вонбрачен живот со дете.

Алармантниот тренд, вели Бајрамовска-Мустафа, продолжува и во текот на 2025 година кога се евидентирани нови 96 деца, жртви на кривични дела против половата слобода и морал, од кои 88 девојчиња и осум момчиња. Над 57 отсто од жртвите се на возраст од 11 до 15 години, но, рече, регистрирани се и жртви на возраст под 10, па дури и под три години.

– Општа констатација е дека и покрај постоењето на формално-правна и стратешка рамка, системот за заштита на деца жртви не овозможува доследна, навремена и приспособена поддршка со почитување на принципот на најдобар интерес на детето. Дека сексуалната злоупотреба на деца претставува континуиран и системски проблем, го потврдуваат и податоците обезбедени од надлежните органи, истакна Бајрамовска-Мустафа.

Анализата, додаде, укажува на сериозни институционални слабости во постапувањето. Кога случаите ќе стигнат до надлежните органи, системот реагира без доволна координација. Наместо заштита, таа вели децата се изложени на повторно преживување на траумата преку повеќекратно сослушување, спротивно на законската одредба за еднократно интервјуирање.

Утврден е, исто така и недостиг на соодветни простори за испрашување, обучен кадар и мултидисциплинарна координација во центрите за социјална работа. Судските постапки траат и до две години, а механизмите за обесштетување се речиси нефункционални, со поднесени само две барања за паричен надоместок кои не резултирале со реална поддршка.

– Безбедноста на децата не смее да остане на ниво на формални процедури. Таа мора да биде навремена, координирана и доследно спроведена, затоа што секое доцнење или пропуст директно се одразува врз детето. Секое дете има право на безбедност, достоинство и заштита и тоа право мора да биде реално, а не декларативно, потенцираат од институцијата Народен правобранител.

За надминување на состојбите, се препорачува воведување на мултидисциплинарниот модел „Барнахус“, кој овозможува интегрирана правна, психолошка и здравствена заштита на детето на едно место. Во делот на превенцијата, во соработка со Комисијата за спречување и заштита од дискриминација и Бирото за развој на образованието, спроведена е адаптација на меѓународната кампања „Еден од пет. Стоп за сексуално насилство врз деца“, преку која се обучени повеќе од 350 стручни лица во училиштата и градинките.

Одговарајќи на новинарски прашања во врска со казнената политика, Бајрамовска-Мустафа посочи дека изрекувањето максимални казни би помогнало во превенирањето повратништво кај сторителите.

Во однос на регистарот на педофили, нагласи дека потребата за негово поредовно ажурирање и зголемување на достапноста со цел подобра информираност на образовните установи и семејствата.

За актуелните случаи на сексуална злоупотреба кои предизвикаа реакција во јавноста, Бајрамовска-Мустафа појасни дека се постапува по допрен глас.

– Жртвите не доставуваат претставки, родителите не доставуваат претставки кај Институцијата, меѓутоа од аспект на заштитата на децата, од аспект на мониторирање на ефикасноста на постапувањето на институциите, во смисла на тоа колку процесно се заштитува детето во овие постапки, без разлика дали станува збор за постапка пред Јавно обвинителство, судство и така натаму, ние ги следиме согласно нашите надлежности, по сопствена иницијатива, заклучи заменик-народната правобранителка.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија МВР: Лажна дојава за бомби во повеќе училишта во Скопје
Следна Статија Сиљановска-Давкова по средбата со Пармелан: Да се концентрираме на реформските предизвици

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Со 1400 евра е казнета фирмата што увезе 40 тони јајца пред Велигден за да ги обележи како „македонски“

Фирмата што увезе 40 тони јајца пред Велигден за да ги обележи како „македонски“ е казнета со 1.400 евра Агенцијата…

May 7, 2026
ХРОНИКА

Запленета поголема количина цигари без бандероли и дробен тутун, лишени од слобода две лица

Денеска (21.08.2025) околу 05:30 часот во Тетово, полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи…

August 21, 2025
ХРОНИКА

Судењето за „Онкологија“ одложено, одбраната бара Коцевски да ја преземе постапката

Судењето против поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Никола Васев, и уште двајца онколози обвинети за несовесно лекување пациенти, е…

October 1, 2025
ХРОНИКА

Исчезна 18-годишна девојка од Скопје

На 22.02.2025 во 07.30 часот во Полициската станица Бит Пазар, Р.Б.(41) од Скопје пријавил дека од семејниот дом се оддалечила…

February 23, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?