Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ивановски: Делницата од Зелениково до главната железничка станица ќе биде во функција од септември
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Ивановски: Делницата од Зелениково до главната железничка станица ќе биде во функција од септември
ЕКОНОМИЈА

Ивановски: Делницата од Зелениково до главната железничка станица ќе биде во функција од септември

Објавено May 25, 2026 11:50
Сподели
Сподели

Градежните работи на првата линија на Градскиот воз од Зелениково до Нова железничка станица привршуваат. Од септември ќе се стави во функција градскиот воз на оваа линија, вели во интервју за „Призма.мк”, директорот на МЖ Инфраструктура, Синиша Ивановски.

-Во моментов активни се градежните работи од Зелениково до главната железничка станица, во должина од околу 25 километри. Ова е постоечка пруга, дел од коридорот 10 и одамна е во функција, но не онака како што треба да биде. На делницата се прави реконструкција, комплетно се демонтираше целата пруга, дел од праговите се заменети со бетонски, а другиот дел, кон Скопје, со нови, дрвени прагови. Правевме тестирања и веруваме дека по комплетно завршување на градежните работи до крајот на јуни, ќе може да се вози повторно со проектираните 80 км/ч, за патничкиот сообраќај. Потоа ќе има дополнителни тестирања, но во принцип, овој крак за градски воз би требало од септември да биде во целосна функција, вели тој.

За делниците кон Илинден и Ѓорче Петров, градежниот дел ќе биде сличен.

-И на двете места има постоечка пруга, меѓутоа за разлика од таа од Зелениково, на овие делници нема никаков сообраќај и се во многу лоша состојба. Веќе објавивме постапка за двата проекти, и ако успееме да завршиме со проектирање до септември, веднаш ќе има оглас за избор на изведувач на двете траси, за кон крајот на 2026 да почнеме и до крајот на 2027 да ги завршиме.Во ребалансот на буџетот ги баравме овие средства, да бидат во развојната програма, дел во 26-та, дел во 27-ма и можеби дел во 2028 година и се надеваме дека ќе ни биде одобрени, приоритет на владата е да имаме градски воз, вели Ивановски.

На прашањето за тоа дали ќе има воз и како ќе се реализира возниот сообраќај, Ивановски одговара дека се во целосна координација со МЖ Транспорт и ЈСП.

-Мора да имаме координација со другото претпријатие (МЖ Транспорт н.з.). Им кажавме, ние ќе ги направиме пругите, вие возовите како знаете да ги обезбедите. Дадоа збор дека од први септември, ќе има воз којшто специјално ќе биде наменет за градскиот воз и тој нема да продолжува кон Гевгелија, туку од Транспортен центар до Зелениково, во континуитет. Возниот ред го одредуваат тие, меѓутоа сигурно ќе го има повеќе пати во денот. Ќе мора да помогне и Јавното сообраќајно претпријатие на Град Скопје. Градоначалникот даде согласност дека при креирање на возниот ред ќе биде вклучено ЈСП, за синхронизирано собирање на патници од населените места и носење до самата станица. Верувам дека и двете претпријатија, и МЖ Транспорт и ЈСП, ќе најдат ресурси за овој проект да биде функционален бидејќи даваме целосно нова алтернатива за движење и транспорт. Мора да најдат. И јас можам да имам оправдување дека немаме капацитети, но даваме приоритет на градскиот воз за да заживее. Со него ќе имаме извесност, ќе знаеме за колку минути ќе стигнеме до центарот. А со автомобил, дали имало протест, делегација или сообраќаен метеж, нема извесност, па затоа оваа алтернатива за приградските населби е нешто што би требало да биде приоритет и за Град Скопје, и за ЈСП и за МЖ Транспорт, вели директорот Ивановски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Aтина не спиеше по победата на Олимпиакос во Евролигата
Следна Статија Возачот на трамвајот ја предизвикал несреќата во Белград?

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Народна банка: Нови мерки за поттикнување на долгорочно штедење во денари

Советот на Народната банка ја донесе Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за задолжителната резерва, со која дополнително се зајакнува…

August 20, 2025
ЕКОНОМИЈА

Димитриеска-Кочоска: Проектот за пругата од Коридорот 10 е комплексен, до 7 јули банките треба да ги достават понудите

До овој момент нема пристигнато понуда за изградба на брзата пруга од Коридорот 10 бидејќи целиот проект е комплексен и…

June 28, 2025
ЕКОНОМИЈА

Инженери на Македонија: ЕВН да ги читаат броилата еднаш месечно

Регулаторната комисија за енергетика да изврши измена на Правилата за снабдување со електрична енергија и да воведе задолжително месечно отчитување…

March 4, 2025
ЕКОНОМИЈА

Федералната резерва ја намали каматната стапка, но иднината е неизвесна

Централната банка на САД ја намали каматната стапка по трет пат годинава, но изгледите за идни намалувања остануваат нејасни.

December 12, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?