Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ивановски: Од Зелениково до Скопје со воз за 25 минути
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Ивановски: Од Зелениково до Скопје со воз за 25 минути
ЕКОНОМИЈА

Ивановски: Од Зелениково до Скопје со воз за 25 минути

Објавено November 7, 2025 12:54
Сподели
Сподели

Од Железничката станица Зелениково до Железничката станица во Скопје ќе се стасува за 25 минути, а од таа во Драчево за 11 до 13 минути со ремонтот на пругата во должина од 25 километри, прва фаза од  проектот „Градски воз“, најави денеска Синиша Ивановски, директор на ЈП Железници Инфраструктура, при увидот на ремонтните активности во присуство на премиерот Христијан Мицкоски, вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и новиот градоначалник на Скопје Орце Ѓорѓиевски. Ивановски соопшти дека почнати се и ремонтни активности на делницата од Драчево до Илинден, во должина од 7,7 километри, којашто ќе биде исклучиво за товарен превоз.

Работите за двете делници се очекува да бидат завршени за половина година. Договорот за ремонтот на делницата Драчево – Илинден, како што рече Ивановски, е три милиони евра, а 5,7 милиони евра е вредноста на реконструцијата од Зелениково до центарот на Скопје.

– Првата фаза на градски воз во должина од 24,5 километри ќе заврши за најмногу шест месеци, а втората деница од Драчево до Илинден, што е исклучиво за товарниот сообраќај, во должина од 7,7 километри ќе биде готова до Нова година, бидејќи е пократка, односно двете делници ќе бидат целосно оперативни за најмногу половина година. И двете се електрифицирани, што е важно затоа што дизел возовите нема да влегуваат во Скопје со Градскиот воз, туку ќе бидат исклучиво електрифицирани, изјави Ивановски.

На оваа делница има седум железнички станици кои, како што рече, ќе собираат патници за поефикансо, побрзо и што е најважно поеколошки да стигнат до центарот на Скопје.

Град Скопје, најави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски,  ќе се вклучи логистички во овој процес и новите точки ќе се адаптираат со Јавното сообраќајно претпријатие Скопје за да нема чекање од страна на граѓаните.

– Она што во минатото се говореше и за многумина изгледаше како сон, денеска станува јаве, а тоа е да почнеме да нудиме алтернатива за нашите сограѓани во град Скопје имајќи во предвид дека изминатиот период се соочуваа со катастрофална состојба поврзана со нефункционалноста на Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје, изјави Ѓорѓиевски.

И вицепремиерот  и министер за транспорт Александар Николоски истакна дека визијата за Градски воз станува реалност.  Со ремонтот на делницата од Драчево до Илинден, пак, ќе има зголемување на карго сообраќајот, рече Николоски.

Мицкоски, пак, истакна дека освен што ќе се растовари гужвата во сообраќајот, со овие проекти ќе се намали емисијата на штетни честички во воздухот.

– Ние рековме кога станува збор за квалитетот на воздухот, чуда се невозможни, треба време бидејќи ништо не е правено, но ова е еден од тие проекти коишто контрибуира. Многу сум среќен и тоа што конечно го отпочнуваме БРТ системот, но треба да видиме малку околу проектот како сето тоа ќе биде замислено, а бидејќи ќе треба да се прави цел нов мост преку реката Вардар за да може сето тоа јакосно да се изнесе. Кога ќе ги заокружиме сите овие проекти сигурен сум дека ќе имаат позитивно влијание врз животната средина и ќе го намалат загадувањето во текот на целата година, бидејќи автомобилите се возат во текот на целата година и во текот на целата година тие емитуваат честички коишто влијаат негативно врз квалитетот на воздухот, тоа е многу важно барем тој сегмент. Во останатиот дел имаме тековни проекти коишто ги развиваме, изјави Мицкоски.

Ивановски најави дека следната година ќе се проектира втората делница од Градски воз, од Волково до Скопската железничка станица, а во 2027 година и последниот дел,  делницата Миладиновци – Илинден – Скопје.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија 60 приватни автобуси ќе бидат ставени во функција
Следна Статија За долг од 80 000 земале над 700.000 денари, приведени татко и син од Кавадарци

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Од први јануари струјата поскапува за 2,28 отсто

д 1 јануари 2026 година цената на струјата ќе биде повисока за 2,45 отсто во првиот блок, за 2,87 отсто…

December 23, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: За првпат имавме раст од 3% и сме меѓу првите пет земји со најбрзорастечки економии во Европа

Претседателот на Владата на Македонија Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за последниот извештај за движењето на платите објавен од…

March 24, 2025
ЕКОНОМИЈА

Бишев: Ако не се најдат средства за ПИОМ, ќе мора да се користат средства од буџетот

Ако не се најдат средства за Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, за исплата на пензиите ќе мора да се…

December 13, 2024
ЕКОНОМИЈА

Првите четири банки од земјава впишани во регистарот на Европскиот совет за плаќања – започнува членувањето во СЕПА

Европскиот совет за плаќања (ЕПС) ги впиша првите четири банки од нашата земја – станува збор за три големи и…

June 24, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?