Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: За долг од 80 000 земале над 700.000 денари, приведени татко и син од Кавадарци
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > За долг од 80 000 земале над 700.000 денари, приведени татко и син од Кавадарци
ХРОНИКА

За долг од 80 000 земале над 700.000 денари, приведени татко и син од Кавадарци

Објавено November 7, 2025 13:40
Сподели
Сподели

Две лица од Кавадарци се приведени поради сомнение за сторено кривично дело „лихварство“, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес. Според полицијата, осомничените на оштетено лице од Неготино му наплатиле над 700.000 денари за заем од 80.000 денари.

-Вчера во 09:20 часот, во Кавадарци, полициски службеници од ОВР – Кавадарци ги лишиле од слобода Н.С.(59) и неговиот син Р.С.(34) од овој град, поради сомнение за сторено кривично дело „лихварство“ по член 260 од КЗ. Според пријавеното, во јуни 2023, 71-годишен маж од Неготино од нив позајмил околу 80.000 денари и се договориле да враќа по 20.000 денари неделно, но, бидејќи не успеал да го врати земеното, постојано му пресметувале камата и му го зголемувале долгот. За целиот период, оштетениот му исплатил на Н.С. сума од над 700 000 денари, појаснија од СВР – Велес.

По издадена судска наредба, како што додадоа, бил извршен претрес во домот на Н.С. и Р.С., при што биле пронајдени предмети за кои постоело сомнение дека се поврзани со делото. Известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на настанот, како што потенцираа од СВР – Велес, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ивановски: Од Зелениково до Скопје со воз за 25 минути
Следна Статија Даме Димитровски нов претседател на Советот на Град Скопје

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Угостители работеле незаконски, тврди в.д. градоначалникот на Кочани кој им поднесе кривична пријава

Три месеци по трагедијата во клубот „Пулс“ сѐ уште има угостителски објекти во Кочани кои работат спротивно на законските прописи…

June 18, 2025
ХРОНИКА

Поведена постапка против 24-годишникот за тешката сообраќајка во Скопје во која загина мотоциклист

Поведена е постапка против 24-годишниот возач за тешката сообраќајка што се случи синоќа на ул.„Ацо Шопов“ во Скопје во која…

March 15, 2025
ХРОНИКА

Досега запленети над 40 тони марихуана, велат од Обвинителството

Обвинителството во рамки на опсежната акција што се спроведува изминатиот период, а во која до сега се запленети над 40…

February 9, 2026
ХРОНИКА

Македонецот Дане Котески е убиен во Америка, запалена е неговата фирма – семејството бара помош

Македонец сопственик на компанија е пронајден починат, а неговата фирма била запалена во средата попладне во Крествуд во американската држава…

March 7, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?